Ова се најспектакуларните фотографии од небото и небесните тела за 2017та година

Објавени се фотографиите кои влегоа во потесниот круг за натпреварот Insight Astronomy Photographer of the Year 2017, и тие се навистина спектакуларни.

Натпреварот, по деветти пат го води Кралската опсерваторија во Гринич, Велика Британија. Овогодишниот натпревар доби речиси 4000 апликации од аматерски и професионални фотографи. Фотографиите се опфаќаат пејсажи од поларна светлина до слики од Сонцето.

Овие се нашите фаворити:


Оваа фотографија го прикажува Млечниот Пат кој се издига над мал радио телескоп поставен на станицата Miyun. Сликата прикажува контраст помеѓу небото над градот, кој сјае од светлосното загадување, и ѕвездите над телескопот.

NGC 2023 © Warren Kelle

Ова е фотографија на емисионо-рефлексиска маглина во соѕвездието Орион, NGC 2023. Далеку е 1.467 светлосни години од Земјата, а дијаметрално е долга 4 светлосни години.

An Icy Moonscape © Kris Williams

Снежниот врв на Castell-Y-Gwynt (Замокот на ветровите) во планините на Glyder Fach во Националниот парк Snowdonia во Северен Велс. Пејсажот е формиран во процесот на замрзнување и одмрзнување, каде водата влегува во пукнатините и камењата, се замрзнува и проширува, а тоа предизвикува цепење на карпите и пукање безброј пати низ стотици и илјадници години.

Eastern Prominence © Paul Andrew

На драматичната фотографија е прикажана широчината на хеџ која се протега од Сонцето, а плазмата се потиснува од нестабилни магнетни полиња. НАСА ги нарекува хеџ проекции бидејќи изгледаат како хеџ грмушки.

Auroral Crown © Yulia Zhulikova

Некој астроном ја направил оваа фотографија на Aurora Borealis која се нашла над снежните крошни од дрвјата во Мунманск во Русија.

Ghostly Sun © Michael Wilkinson

Фотографирано е Сонцето со филтер, покажувајќи ја внатрешната хромосфера. Во негатив, површината се појавува потемна од сончевите дамки, кои сјаат на површината на Сонцето.

The Lost Hour © Andrew Whyte

Со користење на долги експозиции, фотографот го фатил северниот небесен пол и небото кое кое се врти околу него во спротивна насока од стрелките на часовникот.

Mr. Big Dipper © Nicholas Roemmelt

Фотографијата на ноќното небо е направена низ влезот во глациер во Engadine во Швајцарија. За да се добие слика на која се и човекот и небото добро осветлени, фотографот користел две панорами со различни експозиции.

Sh2-249 Jellyfish Nebula © Chris Heapy

Остатоци од галактичка супернова која често се нарекува Маглината Медуза поради својот облик кој потсетува на медуза.

Победниците од натпреварот ќе бидат објавени на 14.09.2017та година во Кралската опсерваторија во Гринич.

Поддржете ја нашата работа: