Оваа супернова, стара 10 милијарди години е посјајна од целата наша галаксија

Детектирањето на една од најдалечните суперлуминиумски супернови ни овозможи да разбереме повеќе за деталите од периодот наречен космички зенит (cosmic high noon), времето кога формирањето ѕвезди во универзумот го достигна својот врв.

Суперновите се доволно спектакуларни, но понекогаш универзумот додава нешто поспецијално како суперлуминиумските супернови кои се дури и до 100 пати посветли од нормалните супернови.

Постојат толку малку можности за да ги проучуваме овие настани за кои сè уште се дебатира за процесите што ги водат, па така што кога четириметарскиот телескоп “Бланко” во Чиле го откри DES15E2mlf, претставуваше причина за возбуда.

DES15E2mlf доаѓа од особено интересен период во еволуцијата на универзумот. Околу 3.5 милијарди години по Големиот Прскот (Big Bang), создавањето на ѕвезди го достигнало својот максимум во периодот на космички зенит. Со намалувањето на количината на иницијален гас кој е присутен во галаксиите, се создавале сè помалку и помалку ѕвезди. Ѕвездите кои станале супернови, посебно оние кои се суперлуминиумски, се со краток животен век. Така, се што експлодирало за време на космичкиот зенит се формирало во истото време.

Бидејќи периодот на космички зенит се случил пред 10 милијарди години, сè што откриваме од него е на оддалеченоста од 10 милијарди светлински години. Новооткриената супернова, DES15E2mlf, е откриена поради нејзината извонредна сјајност. Имено таа е трипати со посилна сјајност од Млечниот Пат.

Според еден труд, објавен во Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, DES15E2mlf кој го разниша нашето размислување за ваквите настани, повеќето суперлуминиумски супернови се наоѓаат во џуџестите галаксии, но оваа се наоѓа во галаксија со маса 3.5 милијарди поголема од таа на Сонцето.

Поврзаноста помеѓу суперлуминиумските супернови и малите галаксии се објаснува преку малата концентрација на елементи потешки од хелиумот во овие галаксии. Се смета дека присуството на овие елементи спречува формирање на суперлуминиумска супернова.

“Дури и галаксиите со голема маса имаат доволно ниска содржина на метали за да ги создадат овие извонредни ѕвездени експлозии”, вели ко-авторот на студијата, д-р Рајан Фоли од Универзитетот во Калифорнија, Санта Круз, во соопштението. Присуството на таква светла супернова во масивна галаксија покажува дека ова беше случај во смисла на еволуцијата на универзумот.

Oткривањето на суперлуминантните супернови од таа ера овозможува расветлување на некои од мистериите кои ги кријат истите.

Поддржете ја нашата работа: