Овие чудни сини „чудовишта“покажуваат колку е страшно да се биде сам во вселената

Познато е дека престојот во вселената предизвикува физички промени кај астронаутите, но вселенските патувања си „пигруваат“ и со нивниот ум, па халуцинациите се многу честа појава.

Во првите Аполо мисии, астронаутите изјавувале дека редовно гледаат трепкаво светло или светлосни ленти во вселенскиот простор, кои веднаш исчезнуваат.

Иако овие трепкави светла се објаснуваат како халуцинации предизвикани од изложеноста на космичкото зрачење во вселената, понекогаш овие морничави светлосни  „знаци“ навистина се јавуваат во темнината.

Но, сѐ до првите слики од овој исклучително редок фономен, снимени во 1989 година, метеоролозите се сомневаа дека тие воопшто постојат, па дури и денес никој не може соодветно да објасни како и зошто тие се формираат.

blue-jet-4

Сега, благодарение на данскиот астронаут Андреас Могенсен кој поминал 10 дена на Меѓународната вселенска станица во септември 2015 година, ги имаме најдобрите слики досега од ова таинствено светло, како и нова студија која детално го опишува.
На сликите што Могенсен ги снимил над серија од силни грмотевици над Индија, Мексико, Коста Рика и Тајланд се гледаат ретки столбови од електрично празнење наречени сини млазеви, кои можат да се простираат и до 12 километри во вселената.

blue-jets-2

blue-jets-3

Според Институтот за геофизика при Универзитетот во Фербанкс, Алјаска, сините млазеви се движат со брзина од над  360 000  км/ч и понекогаш може да се јават и до 100 пати во минута.

Поголемиот број од сините празнење што  Могенсен ги снимил биле на височина помеѓу 18 и 40 км над површината на Земјата, во горната стратосфера.

Нивното времетраење е помеѓу 83 и 125 милисекунди, па затоа лесно може да изгледаат како халуцинации.

„Опсервациите покажуваат мноштво сини, со километарски размери празнења во горниот слој на облак на висина од околу 18 км, и пулсирачки сини празнења во стратосферата кои достигаат до 40 км. во височина. Малите сини празнења  изгледаат како да „танцуваат“ на врвот на облакот со зачудувачка висока стапка од околу 120 во минута“.

Могенсен ги проучува податоците откако се направени снимките и објави до сега најдетален опис на овие сини млазеви, но научниците сѐ уште се обидуваат да сватат што точно тие претставуваа.

Најдоброто објаснување засега е дека кога негативно наелектризирана молња ќе удри на земја, облаците одозгора стануваат повеќе позитивно наелектризирани, а тоа создава  поволни услови за појава за овие сини млазеви.

Сините млазеви спаѓаат во класата на природни феномени познати како транзитни светлечки настани.

red-spritess

 

Поддржете ја нашата работа: