Луѓето се навикнати да гледаат на растенијата како на организми кои неподвижно стојат и ја користат сончевата енергија како извор на енергија за синтеза на храна.
Од друга страна, животните ги гледаме како суштества кои се движат и хранат со други организми, со што би се одржале во живот. И покрај тоа многу организми ја донесуваат во прашање таквата класификација.
Ова се некои од најнеобичните живи суштества, кои им пркосат на стандардните класификации:
Морски анемони или „Hungry sea anemones“
Технички гледано морските анемони се животни со изглед на билка. Дури и самиот Аристотел, кој го направил едниот од првите состави за категоризација на организмите, бил заинтригиран со нив.
Сепак тие спаѓаат во категоријата на животни, бидејќи се движат и притоа се хранат со други организми кои ги заробуваат со своите пипала. Поради тоа се ставени во групата заедно со медузите.
Интересно е тоа што нивниот нервен систем има некои сличности со човечкиот, иако нашата анатомија е сосема поинаква.
Одличен пример за конвергентна еволуција е тоа што организмите кои не се сродни се адаптираат на сличен начин. Во овој случај, животното кое изгледа како билка ја имитира билката која се храни како животно – месојадната билка.
Зелен морски полжав или „Leafy sea slug“
Морските полжави со својот метаболизам ја произведуваат најчестата форма на хлорофил, зелениот пигмент преку кој билките ја ловат сончевата енергија. Овој полжав не е симбиотичко животно кое на себе привлекува алги поради заедничкиот живот како коралите, туку мутирал во текот на еволуцијата така што во неговите животински гени му се вградиле специјализирани билни гени.
Клетките му произведуваат сопствени хлоропласти, и таа комбинација е доста успешна.
„Помалку делува како резултат од вкрстување на растение со билка, што е речиси невозможно”-вели Џон Зардус, зоолог за без’рбетници од Универзитетот „Citadel“ во Јужна Каролина.
Шуми на алги и морска трева
Алгите се подводни едноклеточни животни кои може да се најдат во разни бои. Сепак постојат и повеќеклеточни алги кои повеќе личат на билки кои ги сретнуваме на копното иако еволуирале одвоено. И двете се фиксни и користат фотосинтеза.
Исто така, иако шумите од алги физички многу потсетуваат на шумите на земјата, немаат никаква поврзаност.
Гигантски печурки или „Town-sized mushrooms“
Печурките се третираат како зеленчук, но тие се всушност многу поблиски до животните од растенијата. Тие исто како растенија не се движат и не користат фотосинтеза.
За разлика од други билки, печурките добиваат енергија од други организми.
Сепак, тие не го ловат својот плен, туку растат на него (тло, дрва, мртви животни, леб итн.). Земајќи ја предвид блиската поврзаност со животните, конзумирањето на печурки е всушност многу поблиску до исхраната со јадење месо, отколку до веганството.
„Venus flytrap“ или уште позната како Венерина муволовка
Месојадна билка која се храни со други организми. Некои делови од оваа билка се движат побрзо од другите организми, така што со нив се храни.
Исто така постојат многу животни што не се движат, туку живеат фиксирани на земјата целиот свој живот, како што се сунѓерите, коралите, школките и слично.
Иако нив можеме лесно да ги класифицираме, на Земјата постојат организми чија природа е доста покомплексна.
Природата е различна, убава и сложена и секогаш одбива едноставна дефиниција.