Научниците ги проучувале новооткриените фосили на страшниот копнен грабливец кој шетал низ Мадагаскар во текот на периодот Јура пред околу 170 милиони години, и кој можел да доминира над диносаурусот во борбата за плен.
Денес изимрениот вид на крокодил Razanandrongobe sakalavae имал енормни челусти со 15 см. долги заби слични на оние какви што имал Tyrannosaurus rex, што значи дека не бил тревопасен, туку ѕвер кој гризел и месо и коски.
“Како и крокодилите од креда периодот, овој можел да ги надмине и тероподните – двоножни диносауруси кои биле на врвот на синџирот на исхрана”, вели палеонтологот Кристиано Дал Сасо од Природонаучниот музеј во Милано.
Овој вид го открил истиот истражувачки тим пред повеќе од една деценија, но недостатокот на фосилни докази значел дека научниците не биле целосно сигурни дали видот се вклопувал во еволутивниот концепт, и дали станувало збор за диносаурус кој останал непознат.
Сега, благодарение на анализата на новите фосилни черепи кои биле ископани уште во текот на 70-тите години, но кои до неодамна останале скриени во приватна збирка, знаеме дека овој огромен грабливец не бил диносаурус, туку најстариот и веројатно припаѓал на најголемиот вид Notosuchia, античка гранка на crocodylomorpha, со кои се поврзани и денешните крокодили.
Но за разлика од денешните крокодили кои имаат релативно рамен изглед, notosuchia имале длабок череп и подигнати екстремитети кои им овозможувале да бидат повисоки, и се проценува дека висината им била колку висок човек.
“Врз основа на зачувани коски од черепот, ние претпоставуваме дека неговиот облик на тело бил сличен на Baurusuchidae (Јужно – американски вид на notosuchia), и дека неговата вкупна должина била околу 7 метри, а тежината помеѓу 800 и 1.000 килограми”, вели Дал Сасо.
Научниците направиле хипотеза дека овој вид најчесто ловел мали цицачи, како и птеросауруси – летечки влекачи, иако додека не би ја имале целосната збирка на неговите коски, многу други работи сеуште не се сигурни.
Во секој случај, најновите откритија покажуваат дека, колку и да биле застрашувачки диносаурусите, тие не секогаш биле најопасните предатори во својата околина.