Пауните комуницираат со инфразвуци

Кога ќе ја затресат својата опашка, пауните произведуваат звуци, меѓутоа со многу ниска фреквенција што не можеме да ги слушнеме. Така всушност комуницираат, што значи дека можат да ги осетат овие инфразвуци и да одговорат со нови, велат истражувачите Ангела Фриман и Џејмс Хер од Универзитетот во Манитоба во Винипег, Канада.

Идејата за ова истражување ја добиле во локалната зоолошка кога забележале паун кој си ја тресел опашката од бетонски ѕид и сето тоа им заличело на сателитска антена, па се запрашале дали паунот може да се слушне себе си. Така Фриман и Хер ги снимале звуците на 46 пауни. За човекот тоа звучи како трева што шушка на ветер, а всушност се работи за гласен инфразвук помеѓу 80 и 108 децибели.

Не е јасно како пауните ги детектираат инфразвуците. Некои птици ги чувствуваат вибрациите преку нозете, а пауните можеби го прават тоа преку ушите, кои се чини дека се прилагодени за да можат да го слушнат инфразвукот.

За мажјаците можеби инфразвуците имаат двојна намена. Мажјакот од една територија може да ги слушне звуците на другиот мажјак кој се приближува, па на истиот начин да го предупреди дека територијата е веќе зафатена. Или пак, може да претставува начин за да привлечат женки бидејќи опашката на паунот е сигнал за сила и добри гени, сметаат истражувачите.

Прозиведувањето на звуци со ниска фреквенција можеби изгледа бесмислено, но во природните живеалишта на пауните има смисла. Резултатите се објавени во „Animal Behaviour“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt