И пчелите знаат дека нула е помало од еден

Еден тим од француски и австралиски научници доаѓа до откритие дека пчелите го разбираат концептот на нулата, што значи дека го сфаќаат сложениот математички поим на ништото.

Во студијата, објавена во списанието Science научниците истражувале дали пчелите можат да ги подредат броевите по големина и да знаат дека нулата секогаш припаѓа на долниот дел од низата.

Со оглед дека пчелите имаат многу мали мозоци, тие сепак се меѓу најпаметните суштества на планетава. Нивните мозоци се големи колку зрно сусам и имаат помалку од еден милион неврони – во споредба со 86.000 милиони колку што имаат луѓето.

„Нулата е малку потежок концепт за разбирање и затоа оваа математичка вештина децата ја учат по неколку години. Досега сметавме дека само луѓето можат да го разберат концептот на нулата, но неодамнешните студии велат дека тоа го можат и мајмуните и птиците.“, истакнува професорот Адријан Дајер од Универзитетот RMITво Мелбурн.

Скарлет Хауард од RMIT ги тестирала пчелите, претходно означувајќи ги, а потоа намамувајќи ги во посебен апарат.

Таа ги привлекувала пчелите на ѕид каде што им биле претставени по два знака. Секој од нив имал различен број на црни симболи, а пчелите требало да изберат знак со најмал број.

Врз основа на оваа задача, пчелите избирале по три елементи кога биле претставени во однос на четири, или два елементи кога биле претставени во однос на три.

Нивниот најважен тест бил кога им дале опција да изберат помеѓу картички со еден симбол и без симбол. Тие успеале да сфатат дека нулата е помала од еден, наспроти тоа што никогаш не им биле прикажани празни картички.

 “Ако пчелите можат да го разберат концептот на нулата со мозок кој е помал од милион неврони, можеби постои и поедноставен начин на кој можеме да ја научиме вештачката интелигенција на нови трикови”, вели таа.

Студијата потоа вклучувала разни контролни експерименти за проверка на добиените резултати.

“Откритието дека пчелите имаат толку многу напредно разбирање на броевите е навистина изненадувачко со оглед на тоа колку се мали нивните мозоци”, заклучува ко-авторот на студијата Аурора Аваргес-Вебер од Универзитетот Тулуз во Франција.

Поддржете ја нашата работа: