Пет митови поврзани со пробиотиците

      Пробиотиците се живи микробиолошки хранливи состојки кои имаат позитивен ефект врз човечкото тело преку одржување на балансот на цревната микро флора.
      -Го подобруваат и зајакнуваат имунолошкиот систем.

-Ги потиснуваат процесите на труење во цревата и помагаат во воспоставувањето на цревната микроба.

-Ја помагаат перисталтиката и функционирањето на цревата.

-Пријатно влијаат при стомачните проблеми.

-Влијаат на намалување на ризикот од остеопороза и ревматски артрит и намалување на нивото на холестерол.

-Влијаат при кожни проблеми и алергии.

-Го подобруваат хранливиот биланс со што ги обезбедуваат неопходните аминокиселини и природни витамини.

-Помагаат за намалување на телесната тежина.

Во последно време расте спектарот на храна која содржи пробиотици, а со оглед на збунувачкиот концепт за потребата од истите, одлуката за купување воопшто не е лесна за потрошувачите.

Луѓето имаат заблуди за придобивките од пробиотиците и нивната улога во подобрувањето на здравјето и лекувањето на болести, вели д-р Патриша Хиберд, професор по педијатрија.

Проблемот лежи во начинот на рекламирање. Ниту еден од суплементите и храната не се одобрени за лекување на одредени заболувања, но често може да се чујат такви тврдења од страна на производителите.

Потребно е да се разбере и истражи за кои состојби се корисни пробиотиците и во колкава мера.

Факти наспроти заблуди за пробиотиците

1. Сите пробиотички додатоци во основа се исти

Ова е апсолутно погрешно, вели Хиберд. Теоретски, секој пробиотик е различен и може да има различен ефект врз здравјето на луѓето.

2. Пробиотиците можат да се користат наместо лекови

Иако некои луѓе претпочитаат природни третмани, пробиотиците треба да се користат како додаток на лекарствата, не како нивна замена.

3. На амбалажата на храната или суплементите ја пишува точната количина на “добри” бактерии.

Тоа не е вистина. Најчесто е нагласено дека постојат, реномираните производители обрнуваат внимание и на бројката, меѓутоа треба да се нагласат и одредени спецификации на пробиотикот (вид, потекло, вирус и сл).

4. Сите јогурти се добар извор на пробиотици.

Само затоа што е јогурт, не мора да значи дека има пробиотик. Посебно не сите оние бактерии кои се наведени на амбалажата. Јогуртите ги содржат бактериите „Lactobacillus bulgaricus“ и „Streptococcus thermophilus“, а некои од производителите по пастеризацијата додаваат „L. acidophilus“, „L. bulgaricus“, „L. rhamnosus“ and „L. casei“.

5. Конзумирањето на пробиотици може да спречи настинка

Иако постојат некои прелиминарни испитувања кои се конзистентни со ова тврдење, сепак не може да се потврди со 100% сигурност. Истражувачите се’ уште испитуваат кои пробиотици имаат најголем ефект на имунолошкиот систем.

Поддржете ја нашата работа: