Пет митови за полнењето батерија на мобилен телефон и нејзиното траење

Постојат многу тврдења за тоа што е добро или лошо за животниот век на батеријата на мобилните телефони, но дали сите тврдена се вистинити? Ова се петте најчести митови кога е во прашање траењето на батеријата:

1. Батеријата треба да биде сосема празна или скоро празна пред да го ставите телефонот на полнење

– Ова важи само доколку користите никел-кадмиумски батерии чиј капацитет опаѓа ако телефонот се полни премалку или премногу. Литиумските батерии, какви што се користат во модерните паметни телефони немаат таков проблем.

2. Користењето на полнач кој не е оригинален (оној кој што не сте го добиле во пакет со телефонот), ја оштетува батеријата

– Не постои погрешен полнач кога се во прашање модерните паметни телефони што се полнат преку USB приклучок. Разликата единствено е во бризината на полнењето бидејќи сите мобилни уреди немаат опција за брзо полнење.

3. На новиот мобилен телефон за прв пат му е потребно максимално полнење

– Ова беше пракса пред појавата на литиумските батерии. Денес одлуката е оставена на корисникот и тоа нема врска со одржување на капацитетот и траењето на батерјијата.

4. Честото приклучување и исклучување на мобилниот го скратува животниот век на батеријата

– Ова е уште една грешка. Точно е дека животниот век на батеријата се одредува со одреден број целосни циклуси на полнење, но еден циклус може да се состои од неколку поединечни полнења.

5. Секогаш е потребно батеријата да се наполни до максимум

– Ниту ова не е точно. Оптималното ниво на наполнетост на батеријата се движи од 30 до 70%. За да се зачува батеријата, подобро е телефонот да се полни на неколку пократки временски интервали отколку секогаш до 100%.

Поддржете ја нашата работа: