Одделот за хемија на Британскиот Универзитет пред извесно време бил евакуиран, откако еден студент го направил познатиот експлозив ТАТП (TATP). Хемикалијата трицикличен ацетон пероксид или TATП, била направена случајно, како производ при еден хемиски експеримент.
Иако во овај случај се работело за непријатно изненадување и Министерството за одбрана било принудено да интервенира и безбедно да го отстрани, во светот постојат многу лаборатории кои создаваат и произведуваат експлозиви за различни интереси и употреба.
Ви претставуваме пет хемикалии кои експлодираат преку брзо ослободување на гас
ТНТ
Една од најпознатите експлозивни хемикалии е тринитротолуен или ТНТ. Се наоѓа во цврста агрегатна состојба со жолта боја. Прв пат е произведен во 1863 како средство за боење. Не експлодира спонтано и е лесен за ракување, па неговите експлозивни својства биле откриени 30 години подоцна, во 1891 година од страна на германскиот хемичар Карл Хаусерман.
ТНТ може многу лесно да стопи и да се излие во калапи, но за да експлодира потребен е детонатор и има прилично голема сила, бидејќи нитро групите во молекуите брзо преминуваат во азотен гас.
Ова го прави идеален за контролирани уривања, кога експлозијата може да се планира (на пример од рударите), што го прави релативно „безбеден“ експлозив.
Исто така се користи и како „стандардна мерка“ а бомбите, така што „експлозивноста“ на другите хемикалии често се мери во однос на ТНТ.
ТАТП
Хемикалијата ТАТП (трицикличен ацетон пероксид ) спаѓа во групата на молекули наречени пероксиди, кои содржат слаба и нестабилна кислород-кислород врска, а кои не се наоѓаат во ТНТ. Ова значи дека ТАТП е далеку понестабилен и многу посклон кон спонтани експлозии.
ТАТП исто така се нарекува и „Мајка на сатаната“– и тоа со добра причина. Неговите експлозии се 80 проценти посилни од ТНТ, но е многу потежок за ракување. Доволно е малку посилно да се затресе или да се удри за да се предизвика експлозија, што значи дека многу лесно може да се разнесете додека го подготвувате.
ТАТП доби и големо медиумско внимание, затоа што лесно може да се направи и редовно се користи во импровизирани експлозивни направи при терористичките напади(како оној од 7 јули 2005 во Лондон).
RDX
„RDX“ претставува „азотен експозив“, што значи дека неговите експлозивни својства се должат на присуството на многу азот-азот врски, наместо кислородни.
Овие врски се крајно нестабилни, бидејќи азотните атоми секогаш се стремат да се спојат и да создадат азотен гас, заради тројната врска во азотниот гас. Колку повеќе азотни врски има молекулата, како RDX, толку е поексплозивна.
Бидејќи ТНТ не содржи нестабилни азотни врски, „RDX“ има поголема моќ – но често се меша со други хемикалии за да се добијат различни ефекти, на пример да биде помалку сензитивен и да се намали опасноста од спонтани експлозии.
Често се користи во контролирано демолирање на згради.
ПЕТН ( пентаеритритол тетранитрат)
Една од најмоќните експлозивни хемикалии што ни се познати е ПЕТН. Содржи нитро групи слични како тие во ТНТ и нитроглицеринот во динамитот. Но, поголемото присуство на овие нитро групи значи и поголема експлозивна моќ. Сепак, и покрај силните експлозии, прилично е тешко оваа хемикалија сама да се активира, па затоа обично се комбинира со ТНТ или „RDX“
ПЕТН редовно се користел во Втората светска војна за правење на експлозивни направи за рушење на мостови кои користат струја како детонатор. Денес исто така се користи во детонаторите кај нуклеарното оружје.
Има релативно ниска токсичност и својства како вазодилататор (ги шири крвните садови) па се користи и при ангина пекторис (ама, без гајле, тогаш не е експлодира).
Азидоазиде азиде
Меѓу најнестабилните азотни експлозиви спаѓа азидоазиде азиде. Има 14 азотни атоми, од кои повеќето се врзани меѓусебе со нестабилни азот-азот врски-што го прави неверојатно подложен на експлозии.
Заради нивната искучителна нестабилност во природата не може да се видат вакви молекули, но тие биле направени во Германија, во истражувачката лабораторија на Томас Клапотке во 2011 година.
Обидот да се допре, или на било каков начин да се ракува со оваа хемикалија (некои би рекле дури и ако се погледне) може да предизвика експлозија, преку раскинување на врските и претворајќи ги во многубројни молекули на азотен гас кој брзо се шири. Оваа реакција создава огромно количество на топлина, па затоа се синтетизирани само минимални количини од оваа хемикалија и тоа за тестирања – кои неколку пати завршие со експлозија и парчосување на скапата опрема за анализа.
Би било неверојатна лудост да се направат поголеми количини, што објаснува зошто оваа хемикалија сѐ уште не нашла никаква примена.
Оваа листа секако не ги опфаќа сите експлозивни хемикалии – постојат уште многу други што им се на располагање на хемичарите и индустријата, но овие спаѓаат меѓу најпознатите и најопасните хемикалии денеска.