Иако, обично илегалните дроги се сметаат како опасни по живот, реалноста е дека и препишаните лекови убиваат илјадници луѓе годишно. Злоупотребата на лековите е сериозен проблем секаде во светот, а често пати комбинацијата на два навидум безопасни лекови може да има сериозни, ако не и фатални последици.
За секој лек што може да се земе без рецепт, од сирупите за кашлање, па до аналгетиците постои упатство, меѓудругото и за тоа со кои лекови не би требало да се зема заедно. Па сепак опасните комбинации на лекови и понатаму се честа појава.
Последиците предизвикани од мешањето на лековите се движат од стомачни проблеми, па до смрт. Погледнете ги најчестите и најопасните комбинации на лекови што ќе ви помогнат да ги избегнете несаканите грешки.
ПредходнаСледно
11 Антидепресиви и аналгетици
Секој на којшто некогаш му биле препишани антидепресиви и аналгетици, најверојатно бил предупреден од докторот да не ги зема заедно, за да не се предизвикаат други здравствени проблеми.
Една класа антидепресиви познати како ССРИ и нестероидните анти-инфламаторни лекови, како ибупрофенот, го зголемуваат ризикот од крварења во желудникот и хранопроводот до 600 проценти. Едно холандско истражување покажува дека ризикот од гастроинтестинални крварења, кога овие два лека се земаат заедно, е далеку поголем отколку кога се зема едниот или другиот лек поединечно.
И ССРИ–антидепресивите и аналгетиците познати како триптани, исто така влијаат и на нивото на серотонинот во мозокот, што резултира со низа непријатни несакани ефекти, како вознемиреност, покачена телесна температура, забрзана работа на срцето и забрзано дишење.
1. Антидепресиви и аналгетици
22 Антикоагуланти и аспирин
Антикоагулантите се многу сериозни лекови кои се препишуваат со цел да се намали можноста за згрутчување на крвта во крвните садови кај пациентите. Преку хемиска реакција во телото тие го продолжуваат времето што е потребно да се создадат крвни згрутчувања.
Аспиринот е еден од најчестите аналгетици што се земаат без рецепт и кои служат за ублажување на помали болки. Па сепак, многу луѓе не знаат дека тој има и антикоагулантно дејство, бидејќи ја намалува агрегацијата на тромбоцитите и го спречува формирањето на згрутчувања. Ако овие два лека се земат истовремено, ефектите се надополнуваат и големи се шансите за појава на внатрешни и надворешни крварења.
2. Антикоагуланти и аспирин
33 Опиоидни аналгетици и лекови за анксиозни пореметувања
Лековите за третирање на анксиозни состојби и опиоидните аналгетици како што се кодеините и морфинот, делуваат како депресанти. Ако се земаат заедно се зголемува нивната токсичност. Големото количество на депресанти може сериозно да ја намали работата на срцето и дишењето, понекогаш и до критично ниво.
3. Опиоидни аналгетици и лекови за анксиозни пореметувања
44 Парацетамол (ацетаминофен) и опиоиди
Парацетамолот и опиоидите се два многу популарни, но исто така и многу опасни медикаменти. Ако се земаат истовремено над препорачаната доза, можат да доведат до сериозни оштетувања на црниот дроб, а ефектите понекогаш може да бидат и смртоносни.
Едно истражување од 2005 година, направено од Медицинскиот центар на Универзитетот Вашингтон во Сиетл, покажало дека кај 38 проценти од случаите со акутна инсуфициенција на црниот дроб, како последица на случајно предозирање, пациентите зеле повеќе од еден вид на лек, а 63 проценти зеле таблети кои содржат и парацетамол и опиоиди.
4. Парацетамол (ацетаминофен) и опиоиди
55 Лекови за кашлање и антихистаминици
Многу од лековите за кашлање и антихистаминиците што може да се земат без рецепт, содржат слични состојки и ако се комбинираат постои опасност да дојде до предозирање. Тоа може да доведе до засилување на седативните ефекти.
Засиленото чувство на поспаност може да претставува опасност, особено за лицата кои не се свесни за седативниот ефект, а треба да управуваат со тешка механизација или со возило. Дури и ако лекот за кашлање и антихистаминикот заедно се земат навечер пред спиење, ефектот на замаеност може да биде присутен и следното утро.
5. Лекови за кашлање и антихистаминици
ПредходнаСледно