Петок е омилен ден, средата ја забораваме

Тие побарале  од учесниците  да одберат зборови кои ги асоцираат на различни денови. Тие откриле дека  понеделник и петок имаат поголем број на ментални  слики, односно имаат посилни идентитети од вторник, среда и четврток. Спротивно на тоа,  деновите во средината на неделата  имаат помало значење  и полесно  е да се мешаат едни со други.

Понеделник, главно  предизвикува негативни зборови како  здодевно, напор и замор, а петок  се поврзува со позитивни зборови како забава, слобода  и олеснување.

Речиси 40% од учесниците  се збуниле на прашањето кој е претходен  или следен  ден , а поголемиот дел од овие грешки се случиле  за време на средината на неделата. Бројот на грешки се зголемил  на повеќе од половина  во случај на неработен ден во  неделата, при што луѓето често се чувствуваат „ еден ден поназад“.

Исто така, учесниците биле тестирани колку брзо  може да се сетат кој ден сме.  Во понеделник и петок се изјасниле два пати побрзо отколку во среда.

Главниот истражувач д-р Дејвид Елис, од Универзитетот на Факултетот за психологија на Линколн,  вели : “Седумдневниот  неделен циклус се повторува за сите нас од раѓање и ние веруваме дека секој ден од неделата  стекнува свое сопствено обележје“.

Всушност, повеќе од една третина од испитаниците се изјасниле дека тековниот ден го чувствуваат како друг ден, а  особено во вторник, среда и четврток.

Временските  циклуси може да ја обликуваат когницијата  дури и кога тие се општествено создадени. Ефектот на неработен ден во средина на неделата  подразбира  дека транзициите меѓу работната недела и викендот, исто така играат улога.

Во иднина ќе се разгледуваат  аспекти на однесувањето, ризиците и прагот на толеранција кои се разликуваат систематски во текот на неделата.  Импликациите и разликите се значајни, не само за однесувањето на поединецот, туку и за психолошките тестирања.

Поддржете ја нашата работа: