Речиси 280.000 луѓе погинале од 1600 година поради вулканска активност, а многу од овие смртни случаеви се препишуваат на секундарните опасности поврзани со главната ерупција. Така, поради глад умреле 92.000 лица по ерупцијата на вулканот Тамбора во Индонезија, а цунами ги убило точно 36.000 лица после ерупцијата Кракатау во 1883 година.
Во изминатите 30 години, бројот на смртни случаеви беше прилично намален, но тоа се поврзува со среќа, а не со подготвеност, пренесува Phys.org. Имено, кон крајот на минатиот век, не е забележано големо ниво на вулканска активност, но и понатаму постои голем број на вулкани кои им се закануваат на голем број на луѓе.
Везув, Италија
Најпознат е по ерупцијата, која во 1979 година ги уништи Помпеја и Херкуланеум, но и натаму претставува закана за Неапол и околината во која живеат повеќе од 3 милиони луѓе. Овој вулкан е познат и поради силните ерупции, кои се карактеризираат со исфрлање на високи столбови на гас и прашина кои се протегаат до стратосферата. Во денешно време, земјотресите кои ќе претходат ерупции ќе бидат знак за навремена евакуација.
Нирагонго, Демократска Република Конго
Вуканот во средишна Африка еруптирал неколку пати во минатите неколку десетлетија, но овие ерупции никогаш не биле многу силни. Неговиот кратер е широк 2 километри, и езерото од лава во него е најпознатото езеро од лава. Најголемото ниво на езерото било на 3175 метри, а точно во таа течна лава лежи неговата опасност. Пред 15 години дошло до пукање на врвот на вулканот, а реките со лава се лизгале со брзина од 60 км/ч. кон градот Гома, каде го прекрила 2 метарска лава. Повеќе од 300.000 лица навремено се евакуирани бидејќи вулканот бил во фокус на истражување.
Попокатпетл, Мексико
Активниот вулкан се наоѓа на само 70 км од Мексико Сити во кој живеат 20 милиони лица, а минатата година исфрлил облак од пепел висок 5 км. Иако воглавно исфрла пепел, тој слој може да прекрие планина со дебел слој, кој помешан со вода, може да се претвори во порој кој би се лизнал по падините со голема брзина. Тој феномен се нарекува лахар, а во слична несреќа во 1985та во Колумбија погинале 26.000 лица поради лахар чиј извор бил вулкан оддалечен 60 км.
Кракатау, Индонезија
Во големото цунами во 1886 година, погинале 36.000 лица, предизвикано од ерупција која имала енергија како 13.000 бомби фрлени над Хирошима. Вулканскиот остров, тогаш бил потполно уништен, но низ 50 години се појавил нов кој денес е висок околу 300 метри. Пред 10 години, започнал нов бран на активностѕ, а последниот е забележан во март оваа година. Сеуште не се знае дали наследникот на Кракатау може да предизвика ерупција како својот претходник, но бидејќи се наоѓа помеѓу Јава и Суматра претставува голема закана.
Чангбаишан, Кина
Последната ерупција на овој азиски вулкан се случила во 1903 година. Тоа што е важно за него е што има бурно минато. Во 969 година е забележана ерупција која била најсилна во изминатите 10.000 години. Ако дојде до пукање на врвот лавата би можеа да загрози област во која живеат 100.000 луѓе. На почетокот на овој век забележани се посилни активности, а вулканот се наоѓа на границата меѓу Кина и Северна Кореја.