Пилула за подобрување на женското либидо. Ни треба ли?

Во својот најнов обид за создавање на пилула за јакнење на женското либидо, „Sprout Pharmaceuticals“, оваа недела најави дека ќе поднесе барање до ФДА за одобрување на „flibanserin“.  Ако помине се во најдобар ред, ова ќе биде првиот лек од ваков вид за жените САД: третман за женско хипоактивно сексуално растројство, или ниско либидо.

Повеќе од десетина лекови кои се однесуваат на некој вид на сексуална дисфункција веќе се достапни во САД. Но, бидејќи малото сино апче- виагра е хит на пазарот, речиси сите одобрени секс лекови се насочени кон мажите и покрај често цитирана статистика дека речиси половина од американските жени пријавиле некои сексуални нелагодности, забележително повеќе од мажите. ФДА одобри лекови за жените кои ги олеснуваат сексуалните болки во пост менопауза, но постои недостаток од поопшто помагало, слично на оние за еректилна дисфункција кај мажите.

Пациентите, лекарите и активистите ја нагласија сексистичката нерамнотежа и ФДА ја потенцираше женската сексулна дисфункција како област од врвен приоритет. (Да нагласиме, ни за мажите нема лекови поврзани со желбата за секс, туку само за регулирање на ерекцијата).

Но, според Леонор Тифер, вонреден професор по психијатрија на Универзитетот Њујорк, проблемот не е во недостигот на лекови, туку во нас.

По подолга кариера како секс терапевт, Tифер има поминато повеќе од една деценија борејќи се против агресивното етикетирање на т.н. секс нарушувања и третирање на нагоните со лекови. Таа ја обвинува медикализацијата сексот  во земјата, односно тврди дека фармацевтската индустрија вештачки го создава поимот „нормално“ сексуално однесување, а да не ги споменуваме маркетинг кампањите, медиумите и вестите за маргинализирање на различни и индивидуални желби.

Сега кога компаниите како „Sprout“ тестираат десетици таблети, вагинален гел, дури и носни спрејови-во трка за продажба на првата „розова вијагра, Тифер апелира да се запрашаме дали всушност ни се потребни.

Кога луѓето почнаа да се прашуваат: „Океј, каде е секс лекот за жените?”

Три месеци по одобрувањето на Виагра во 1998 година, „Њујорк Тајмс“ го постави ова прашање на насловната страна. Дотогаш, никој го немаше поставено. Медиумите само сакаа да добијат поинаков агол на темата и малку излегоа од колосек.

Но, 17 години подоцна, се’ уште ја нема пилулата. Зошто?

Никој не знае, за мажи или жени, како функционира желбата и возбудата. Нема истражување што ви кажува каде е клучната точка на женското либидо. Освен клиторисот, но ретко кој се фокусира на него.

Ако нема медицински основа, како истражувачите ги создаваат лековите?

Фармацевтските компании прво се обидоа со идентична стратегија на Виаграта: вазодилататорите го прошируваат протокот на крв во пенисот и други делови од телото. Тие предизвикаа трпнење и проширување на клиторисот и усните, но жените рекоа дека тоа баш и не помага. Така отпадна идејата.

Откако не успеаa вазодилататорите, компаниите се насочија кон хормоните, тоа е секогаш популарно. Така и направија еден милион истражувања на тестостерон и најавија „intrinsa“ (канали за тестостерон во 2004година). Но, не поминаа на тестовите на ФДА. И тогаш имаше „flibanserin“, кои целеа кон невротрансмитерите. Првично се одбиени во 2010 година.

„Flibanserin“ сега е во процес на разгледувањеод ФДА, но веќе беа одбиени два пати. Зошто ФДА ги отфрли овие лекови  во минатото?

Тие можат да имаат несакани ефекти – кардиоваскуларни ефекти, канцер ефекти. Тие, исто така, треба долгорочно да се земаат, што е спротивно на Виагра која се зема по потреба. И тие не беа подобри од плацебо. Овие лекови „работат” за некои жени на истиот начин на кој вијагра „работи” за некои мажи. Секој секс лек, вклучувајќи ја Виаграта, има висока стапка на плацебо. Многу луѓе се надеваат дека ќе функционира, очекуваат дека да функционира, а потоа тие се чувствуваат подобро. Добро чувана тајна е дека реиздавањето на рецепт за Виагра е помалку од половина. Не е ефикасна за сите, а несаканите ефекти се крајно досадни. Се ‘уште  е непознато дали протокот на крв е навистина главниот механизам на дејствување.

Ако Виаграта не е толку ефикасна, како стана толку популарна?

Виагра беше првиот лек кој ги искористи предностите на рекламирањето, особено на ТВ, откако ФДА ги намали ограничувањата во 1997 година. Фармацевтската индустрија претрпе голема промена во 90-тите кога го пренасочи фокусот на секојдневните проблеми. На пример, окарактеризувањето на телесната тежина и несоницата како медицински состојби, драстично ја кренаа цената на лековите.

Разговорите во врска со сексуалноста станаа многу повеќе фокусирани на постигнување на „нормалната функција”, потребата од „нормалните функции”, корисноста од „нормалните функции”. Виагра го насочи јавното мислење за сексуалноста во правец за кој сметам дека воопшто не е корисен. Но, од гледна точка на индустријата, тоа значи профит.

Зошто поимот „нормално“ не би требало да се употребува кога станува збор за секс?

Постои претпоставка дека сексот е процес, како варењето на храната. И ако нешто не е во ред со природните процеси во организмот, треба да го поправиме. Факт е дека ерекцијата во најголем дел е физиолошки процес, но како би требало јас да се чувствувам и дали имам желба за секс, воопшто не е прашање за лекови.

Но, нели сексот е инстинкт?

Сексот е како танц. Во Кина и Перу танцуваат различно. 20 и 60 годишник танцуваат различно. Не мислам дека сексот е медицински проблем. Ако не постојат нормативи за здрав секс, тогаш не може да биде болест. И не може да има лекови.

Мажите имаат лекови. Ако жените не се задоволни со сексуалниот живот, не мислите ли дека треба да имаат опции?

Дефинитивно мислам дека луѓето треба да имаат се што им е потребно, но јас не мислам дека тие треба да бидат заведени од митови. Поголемиот дел од луѓето се вознемирени за нивните сексуални искуства затоа што живееме во култура која поставува многу високи очекувања и им дава на луѓето многу малку подготовка. Луѓето често мислат дека квантитетот, квалитетот, или интензитетот на нивниот сексуален живот е помал од оној на другите. Зарем треба да одат на лекар, велејќи дека нешто не е во ред со нив?

За мене, ова изгледа како проблем со еднаквоста-мажите доживуваат оргазам поголемиот дел од времето, жените не. Мажите имаат пристап до лекови, жените не.

Секако, но јас не мислам дека подеднаквост подразбира идентичност. Јас и мојот партнер треба да сме слободни да кажеме што сакаме, кога и како. Но, тоа нема никаква врска со еднаквоста на бројот на лекови или оргазми. Зошто би сакале само една мерка, особено нешто што не е така лесно и бара одреден вид на стимулација на гениталиите, одреден вид на ментален став и секако трае 10 секунди?

Зошто да не им се дадат лекови на луѓето, доколку ги сакаат? Што губиме?

Разновидност и индивидуалност. Сексуалноста е потенцијално многу широк спектар на интереси. Денес, општеството не дозволува да имате ниско либидо. Автоматски сте болни. Сексот не е само акт или оргазам, туку физичка интимност, споделување на нештата во кои се вклучени телата. Сето тоа е сосема маргинализирано.

Значи, ако ги исклучиме лековите, како луѓето можат да го подобрат својот сексуален живот?

Не постои начин на кој можам да одговорам на тоа. Тоа е крајно индивидуално. Луѓето мислат дека сексуалноста е нешто за кое само експерт може да помогне, но експертите најчесто зборуваат од сопствена гледна точка и искуство. Лекарите радо ќе ви раскажат се за крвните садови, но тие нема да ви зборуваат  за култура или љубов.

Поддржете ја нашата работа: