Меркур не само што е најмалата официјално призната планета во нашиот Сончев систем, туку таа исто така и продолжува да се намалува.
Во едно истражување објавено во „Nature Geoscience“, новите анализи на фотографиите направени од вселенското летало „MESSENGER“ на НАСА за истражување на површината на Меркур, животната средина, геохемијата и нејзиното движење, покажале различни форми на површината на Меркур кои укажуваат на тоа дека планетата се’ уште се смалува како што полека се лади од своите рани години кога била растопена, на почетокот на Сончевиот систем.
Истражувачите откриле тенки карпи со налик на чекори на фотографиите направени од „MESSENGER“, кои биле многу помали од оние кои биле откриени уште во 1970-тата година. Овие мали белези успеале да останат недопрени дури и откако планетата била погодена од метеори, што значи дека тие најверојатно се формирале неодамна.
Ова откритие е возбудливо за истражувачите бидејќи покажува дека бавното смалување на Меркур не е нешто што се случило уште од далечното минато, туку може се’ уште да трае, со што Меркур влегува во многу малиот круг на тектонски активни планети (планети чијашто внатрешност не е целосно зацврстена, како на Земјата).
„Ова е причината зошто истражуваме. Со години научниците верувале дека тектонската активност на Меркур била во далечното минато. Возбудливо е да се смета дека оваа мала планета – не многу поголема од месечината на Земјата – е се’ уште активна дури и денес“ – изјавува Џим Грин, директорот на планетарните науки на НАСА.
За жал, ќе мора да почекаме за да добиеме уште еден поглед на сето ова, бидејќи „MESSENGER“ минатата година намерно се урнал на Меркур по години на набљудување.