Планети слични на Земјата околу милијарди ѕвезди


Новото истражување спроведено од „АНУ“ (Австралискиот Национален Универзитет), е направено врз база на 200 години старата идеја за илјадници егзо-планети откриени од вселенскиот телескоп „Кеплер“ (Kepler).

Тие откриле дека стандардна ѕвезда има во просек две планети во т.н. „Goldilocks“ зона – оддалеченост од ѕвездата каде што може да постои течна вода, неопходна за развој на живот.

„Состојки потребни за живот има во изобилие, а сега знаеме дека има и многу средини погодни за живот. Сепак, универзумот не е преполн со суштества со интелигенција слична на човекот, за да можат да изградат радио телескопи и вселенски бродови и затоа не сме ги слушнале и виделе досега. Можеби постои и друга пречка за појава на живот, која ние досега не сме успеале да ја одгатнеме. Или можеби се развила интелигентна цивилизација, но подоцна се самоуништила“ – велат истражувачите.

Вселенскиот теклескоп „Кеплер“ не е прецизен кога треба да ги види планетите што се многу блиску до своите ѕвезди и се премногу жешки за да имаат течна вода. Затоа истражувачите го користеле законот „Titius-Bode“  и податоците од телескопот „Кеплер“, за да ја одредат позицијата на планетите кои Кеплер не е во состојба да ги види. 

Поддржете ја нашата работа: