Плутон има облаци?

Вселенското летало Нови Хоризонти кое минатата година прелета покрај Плутон овозможи неверојатен поглед на Плутон и неговата изненадувачки сложена атмосфера која вклучува многу слоеви на магла над ледените планини.

Сега, истражувачите ја дискутираат можноста да забележале индивидуални облаци кои укажуваат на уште побогата атмосферска разновидност.

Првите знаци за облаци ги забележал Вил Гранди од опсерваторијата Ловел во Аризона, на 13 септември минатата година, неколку дена пред објавувањето на фотографиите. Тој забележал некои светли карактеристики кои се разликуваат од останатите слоеви магла и што е уште поинтересно тие се движеле на различни делови, што сугерира на тоа дека лебдат над земјиштето.

pic1-attachment-00012-1200x417

Ова покренало дискусија за тоа дали навистина се работи за облаци и научниците не биле сигурни се до 1 март оваа година кога пристигнале новите фотографии од Нови Хоризонти и Џон Спенсер од Југозападниот истражувачки институт од Колорадо забележал облак кој се издвојува од површината.

Се’ уште не се знае од што се направени облаците, но најверојатно имаат сличен состав како и атмосферата, која според научниците се состои од азот, траги на метан, ацетилен, етилен и етан.

nh-apluto-wide-9-17-15-final-1200x516-1200x516

Нови Хоризонти треба да испрати уште многу слики до крајот на година, па можеби тогаш ќе дознаеме за што точно станува збор.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ДОНИРАНО—податоците се подготвуваат

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.