Победен еден ген на ракот

Експериментите извршени на глувци (со рак на белите дробови и дебелото цревo) покажале дека со помош на оваа метода не само што драматично се намалил растот на туморот, туку исто така и на метастазите кои се главната причина за смртност кај ракот.

KRAS е сигнална молекула, протеински „прекинувач“ кој поттикнува низа молекуларни активности што и кажуваат на клетката како да расте и да преживее. Мутацијата во KRAS генот прави тој да е непрекинато „вклучен“ што предизвикува неконтролирана делба на клетките. Овие мутации се присутни кај околу 30% од ракот кај човекот, а особено кај ракот на белите дробови, дебелото црево, панкреасот и тироидната жлезда.
KRAS е еден од првите откриени гени кои предизвикуваат рак, но досегашните многубројни обиди да се делува на него беа без особен успех.

Со новиот пристап научниците успеаја со помош на нова генетска „алатка“ наречена „RNA interference“ (RNAi)  да го уништат  KRAS-протеинот пред тој да биде целосно формиран. Како резултат на ова клетките не можат да се делат и размножуваат.

Експериментите на глувци третирани на овој начин покажале дека кај глувците со рак на дебелото црево , туморот се намалил за 69%, но исто така го запрел и ширењето на клетките на ракот во други органи. Бројот на метастази во другите органи се намалил за 80% кај глувците со рак на белите дробови , а слично било и кај ракот на дебелото црево.

„И покрај ваквите ветувачки резултати, ова е само првиот чекор во битката против овој ген – предизвикувач на рак, бидејќи таргетирањето на мутацијата на  KRAS – генот,  треба да биде така дизајнирана за да не ја поремети нормалната форма на генот кој е неопходен за одржување на правилнот раст на здравите клетки“ – истакнуваат истражувачите.  

Овие истражувања се објавени во списанието „Molecular Cancer Therapeutics“

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.