Побрзо лечење со електрицитет

Нивниот експеримент се базира на фактот дека човечкото тело реагира на електрично поле (ЕП), со оглед на присуството на наелектризирни честички – јони, во клетките. Електричното поле што нормално се наоѓа во човечкото тело ги  регулира функциите на  многу органи и клетки во телото, вклучувајќи го и растот и заздравувањето на раните на кожата. Кога способноста на телото нормално да заздравува е нарушена од некоја болест, како на пример од  дијабетес, манипулацијата на електричното поле со надворешни електрични сигнали може да има позитивни ефекти на различните клетки во телото (на кожата, мозокот, мускулните, вакуларните клетки и др.)

И во минатото истражувачите се обидувале да ги искористат овие можности, но не успеале да одржат оптимално електрично поле, заради недоволните сознанија за тоа како примената на надворешно електрично поле ќе влијае на електричното поле внатре во клетката.

Андреј Коган, вонреден професор по физика на Колеџот „МекМикен“ за науки и уметности  и неговиот тим, во истражувањето кое е објавено во  списанието „The Royal Society“, покажуваат дека „примената на безжична електрична стимулација“ може да се користи да се таргетираат „повредени и абнормални клетки“.

Истражувачите од Синсинати истакнуваат дека нивните наоди покажуваат дека клетките кои се потопени во некоја електролитна течност (крв или цревната течност), различно реагираат од клетките кои се наоѓаат во ткивата. Оттаму, главните наоди на ова истражување се дека средината во која се наоѓаат клетките може да ги регулира ефектите од ЕП врз клетките, преку контрола на електричното поле внатре и надвор од клеточната мембрана.

Научниците од Синисинати успеале да ги „водат клетките“ од повредената област, со примена на електрично поле од уред, кој е се’ уште под привремен патент, на оштетениот дел од телото.  Тие велат дека процесот се случува бидејќи концентрацијата на јони во повредениот дел од телото е различна од деловите кои се здрави и затоа ЕП е во состојба да создаде „јонски тек“, што на телото му овозможува самолекување.

Бидејќи клетките различно реагираат на електрицитетот, во зависност од средината во која се наоѓаат, тоа значи дека ќе може да се подесува  олку електрицитет ќе се примени во различни клеточни средини, со што ќе се избегне можноста од прегревање и оштетување на клетките.

Научниците тврдат дека овие наоди можат да го револуционализираат начинот на кој докторите во иднина ќе ги третираат хроничните оштетувања.

Поддржете ја нашата работа: