Изминатите петнаесет до дваесет години се забележува значителен раст во квалитетот на здравствената заштита на децата и се прават систематски обиди за да се подобри квалитетот. Иако, и покрај тоа, поддршката и проширувањето на квалитетот на здравствената заштита за деца значително заостануваат во однос на огромните инвестиции за нега на возрасни и стари лица. „Medicare“ уште од 1960-тите, го поттикна растот на организации и истражувачи кои работат на квалитетот на здравствена заштита за децата и адолесцентите. Денес, инволвираните институции секојдневно работат на развој на нови мерки за подобрување на квалитетот, и повеќе истражувања за тоа колку добро здравствениот систем ги задоволува потребите на децата.
Крајната цел е трансформирање на клиничката нега и редизајнирање на системите за заштита.
Огромниот пораст на децата со дијагностицирани хронични заболувања изминатите две децении е директен показател за потребата од мерки кои би ја подобриле состојбата и квалитетот на живот.
Забележителни се напорите на специфични организации како што се оние насочени кон цистична фиброза, српеста анемија, воспалителна болест на цревата, аутизам. Сите овие се фокусираат на проценка и подобрување на квалитетот, иако тие обично не доведуваат до развој на мерки на квалитетот, надвор од специфичната состојба, и ефикасни медицински интервенции.
Поголемиот дел од напорите поврзани со хроничните заболувања се фокусираа на тесно дефинирани биолошки резултати (на пример, индикатори за дијабетес), а не на пошироки мерки на попреченост и функционирање.
Квалитетот на животот е одраз на неколку клучни животни области како што се училишните активности, односите со врсници, емоциите, активностите за забава на поединецот/детето. Иако постојат различни толкувања (на пример, адолесцентите со хронични заболувања и нивните родители често се разликуваат во своите проценки), сепак овие мерки се релевантен показател некогаш повеќе и од биолошките мерки. Квалитетот на животот вклучува безброј карактеристики, почнувајќи од општи фактори (како што се односите, психологијата и инклузијата) и општата здравствена состојба (на пример, колку болеста влијае, или до кој степен се меша со виталните функции), како што се болки во стомакот поради воспалителна болест на цревата и болки во зглобовите или пак крварење кај лицата со хемофилија.
Често се случува лица со иста дијагноза да имаат сосема различен начин и квалитет на живот. Додека едни седат и се самосожалуваат, други се искачуваат на Монт Еверест. Тука се важни социјалните фактори, психичката состојба и ставот кој поединецот го има кон болеста. Институциите можат и мораат да ја обезбедат потребната грижа, но посветеноста на лицето со пречки и најблиското опкружување се суштински за подобар квалитет на живот.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























