Поефикасна Цементара

Тие пресметаа дека со подесување на процесот со кој грутките од калциум силикат наречени „клинкерс“ се претвораат во цемет, може да се заштеди многу енергија. Нивните откритија се детално опишани во весникот на Американското хемиско здружение „Applied Materials and Interfaces“.

Производителите на Портландскиот цемент, најчест тип на цемет кој се употребува низ целиот свет, ги создаваат клинкерсите со загревање на сирови елементи во ротациона печка, а потоа се мелат додека не станат прав. Со додавање на вода, цементот станува лепак. Претходната анализа на молекуларната структура на цементот, истакна дека, во светот, производството на бетон е одговорно за 5 до 10% од јаглеродниот диоксид,  стакленички гас кој се испушта во атмосферата.

Истражувачите ja анализирале кристалната и атомска структура за секоја од  петте фази на ладење на клинкерсите, по напуштањето на печката. Тие се фокусирале на внатрешните сили кои придонесуваат некои клинкерси да се покршливи (и полесни за мелење) од другите. Тие, исто така, работеле и на неизбежните недостатоци кои влијаат на тоа колку квалитетно ќе се измеша правта со водата. Од таа реактивност  зависи крајната јачина на цементот.

Дефектите настануваат природно и не може да се спречат, но може барем да се предвиди во која фаза ќе се појават. Наодите велат дека клинкерсите се најмногу кршливи и реактивни кога се најжешки, односно во првата фаза. Се предлага  производителите да ги консолидираат процесите и да се намали енергијата за мелење, која сега апсорбира околу 10-12% од вкупната енергија потребна за да се направи цемент. Со секој тон произведен цемент, се испуштаат 50 килограми јаглерод диоксид во атмосферата.


ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt