НАСА и другите агенции и претходно се труделе да создадат поглед од вселената. Во изминатите 15 години, произведени се повеќе сеопфтни слики и информации за Земјата од вселената од кој било друг период во историјата. Во време кога нашата планета е во процес на критично важни промени, овој глобален поглед нуди суштински важни информации.
Во чест на 15-годишното постоење на системот за набљудување на Земјата, следат 15 импресивни информации собрани од лансирањето на „Тера“ па се до денес.
1. Фотографијата „синa џамлија“, 2002 година
2. Колапсот на Ледениот брег, планински венец на Антартикот од 31 јануари до 13 април 2002 година
3. Хемискиот процес на осиромашување на озонот
4. Глобалниот вегетативен циклус
Еден поглед на Земјата од сателит може да ни даде слики од местоположбата на дрвјата и растенијата, но и детални информации како на пр. колку јаглерод диоксид се апсорбира од атмосферата за време на фотосинтезата. „MODIS“ инструментите на „Аква“ и „Тера“ за мерење на апсорпцијата јаглерод, даваат увид во продуктивноста на вегетацијата на планетата.
5. Загревањето на Арктикот
Температурите на Арктикот се зголемуваат два до три пати побрзо во последните децении. Апсорбцијата на сончеви зраци е зголемена за 5 % од 2000 година. Овој процент не изгледа висок, освен ако не се земе предвид тоа дека никаде на ниедно друго место не е забележано зголемување.
6. Прочистувањето на воздухот во САД
Иако звучи изненадувачки, загадувањето на воздухот е намалено во периодот 2005-2011.
7. Горењето на планетата
Секоја година, околу 1/3 од Земјата е опожарена. Во текот на петнаесет години, забележани се повеќе од 40 милиони активни пожари. Сателитите создадоа револуција во разбирањето на причините за пожари, влијанието врз екосистемите и јаглеродот ослободен во атмосферата, кој придонесува за климатските промени и квалитетот на воздухот .
8. Облаци чад од вселената
Сензорите на сателитите не само што можат да детектираат топлина и да дадат сигнал за нивно гасење, туку и дополнително мерат колку чад патува од својот извор и колку високо во атмосферата.
9. Движењето на морскиот мраз
10. Зголемувањето и намалувањето на јаглеродниот диоксид
Јаглеродниот диоксид во атмосферата се крева и паѓа во синхронизација со зимата и летото на северната хемисфера. Овој циклус е поврзан со фотосинтезата на растенијата, дрвјата и фитопланктоните. Без овој глобален поглед од сателитот, ние никогаш немаше да видиме како изгледаат овие флуктуации. Еден од инструментите на сателитот „Аква“ го мери јаглеродниот диоксид неколку илјади метри над површината. И визуелизацијата на податоци дава увид во дистрибуцијата на стакленички гасови низ целиот свет и менувањето на концентрацијата низ годишните времиња.
11. Мистеријата за облаците и аеросолите
Две варијабли кои се’ уште создаваат најмногу неизвесност при предвидувањето на идните климатски промени се облаците и малите воздушни честички наречени аеросоли. Некои облаци одразуваат сончеви зраци, додека други абсорбират топлина која инаку би се емитирала во вселената. Исто така, некои аеросоли ја растеруваат топлината и предизвикуваат ефект на ладење, додека други ја псорбираат и предизвикуваат ефект на греење.
12. Тродимензионални топографски карти
Во 2009 година е создадена првата топографска карта со највисока резолуција и опфаќа 90% од површината на Земјата. Научниците ги користат податоците од сателитите за да разберат како Земјата се менува со текот на времето, особено од природните катастрофи, како лизгање на земјиштето, земјотреси, поплави и цунами.
13. Танцот на планктонот
Мали растенија кои цветаат во океанот . На глобално ниво, фитопланктонот е одговорен за околу половина од фотосинтезата на Земјата и ја има главната улога во преземањето на јаглеродот од атмосферата и неговото пренесување во океанот.
14. Пaтеката на јаглеродниот моноксид
Јаглеродниот моноксид е безбоен загадувач без мирис, што произлегува од шумските пожари, издувни филтри на возилата и други човечки извори.Тој е штетен загадувач кој придонесува за смогот, понекогаш и на илјадници километри од местото на создавање. Инструментот на „Тера“, наречен мерач на загадувачите во тропосферата, е првиот инструмент посветен на следење на изворите на јаглероден моноксид и следење на гасовите од целиот свет. И веста е добра. Емисиите на јаглероден моноксид се намалуваат за 1% годишно, почнувајќи од 2000-тата.
15. Поправка на озонската дупка
Во 1987 година, Монтреалскиот протокол ја забрани употребата на супстанции што го осиромашуваат озонот и тоа претставува пресуден момент за меѓународната заедница да се здружи и да се справи со сериозната закана за животната средина. Озонската обвивка, високо во атмосферата, делува како крема за сончање на Земјата, односно го заштитува секое живо суштество на површината од штетните зрачења на сонцето. Сателитските мерења на стратосферскиот озон се од суштинско значење за следење на сезонскиот изглед на озонската дупка над Антарктикот. Континуираните мерења започнаа од „NOAA“ сателитите, односно инструментот за надгледување на сателитот „ Аура“ кој беше сведок на тоа дека озонската дупка закрепнува.