Сликите од Плутон во боја сугерираат геолошка активност

Иако пред една недела пристигнаа најновите и најдеталните слики од Плутон досега, направени за време на историското прелетување на вселенското летало „Нови Хоризонти“ на НАСА, во јули оваа година и НАСА ги објави сликите кои покажуваат детали од површината на Плутон, вклучувајќи планини, кратери и полиња со мраз, со резолуција 10 пати подобра од претходните слики.

2479

2479f

Вчера НАСА објави мозаик од споени слики што го прикажуваат Плутон во боја каде многу подетално може да се види дел од површината на Плутон.

color-swath-use-12-10-15_closeup

Сликите од „Нови Хоризонти“ го променија сфаќањето на научниците за Плутон, која се сметаше за леден и сув свет. Сликите покажаа знаци за геолошка активност, со докази за тектонско движење во минатото, а можеби и сегашноста, како и движења на кората.

Поради големата оддалеченост од Земјата, како и скромниот предавател, протокот на информации од леталото е бавен и се очекува сите податоци да се пренесат до 2016 година.

„Нови Хоризонти“ продолжува да се движи подлабоко во Кајперовиот појас, или како што астрономите го нарекуваат – третата зона на вселената. Леталото се напојува од нуклеарен генератор кој работи на плутониум и се очекува да работи до 2030-тите години кога ќе се наоѓа на 100 пати поголема оддалеченост од Земјата отколку Сонцето.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt