Погледнете како изгледа мистериозниот руски „Град на мртвите“

Во близина на селото Даргавс во Горна Осетија, Русија се наоѓа огромна надземна мистична некропола со древни гробови, која се нарекува „Град на мртвите“. Луѓето што живееле во долината, тука ги погребувале мртвите, заедно со нивната облека и други предмети.

Некрополата, која е лоцирана на ридот во близина на селото и самата изгледа како мало село. (извор)

Селото се протега на 17 километри, а гробиштата содржат 99 различни камени гробови и крипти (гробници). Првите записи за селото потекнуваат од почетокот на 14-тиот век (но, според некои извори, најстарите гробници датираат од 12-тиот век).

12Предците на Осетијците биле населени во подножјето на пет планински сртови, но некрополата била сместена на тешко достапна локација, бидејќи земјата во тоа време била многу скапа, па жителите морале да ги сместат гробиштата во релативно неупотребливо замјиште.

3

4

Поставеноста и „распоредот“ се многу слични со некрополата во Итум-Кали, каде што гробовите и криптите се сместени на рид или планина, блиску едни до други, иако има и крипти кои се пооддалечени. На највисоката точка, или барем повисоко од другите објекти секогаш се наоѓа кула – чувар на мртвите.

6

Поголемите крипти можат да бидат високи 2-4 спрата.

7

Криптите имале издлабени кровови во вид на скали, со зашилен врв.

8

Помалите гробници имале рамни страни и воопшто немале кров.

9

Жителите ги погребувале своите мртви тука со стотици години и во секоја од гробниците  биле откиени човечки черепи и коски. Интересно е што мртвите во внатрешноста на криптите биле погребувани во дрвени структури што личат на чамци.

11

Иако во близина на селото нема пловна река, ова било правено затоа што жителите мислеле дека по смртта, душите на мртвите ќе мора да преминат преку широка река.

Друг интересен факт е што пред секоја гобница се наоѓа бунар во кој членовите од семејството фрлале паричка и се надевале дека ако паричката удри во камен дека тоа е добар знак и дека починатиот ќе стигне во рајот.

Пооддалечените гробници биле заеднички гробници, каде биле погребувни луѓето коишто немало кој да ги погреба или ако не биле од селото.

10

Постојат многу митови и легенди поврзани со ова место. Според една од легендите, во  18-тиот век Осетија била погодена од чума, која збришала 90 проценти од околното население.

Клановите граделе карантин куќи за да се изолираат од селото, трпеливо чекајќи ја својата смрт. Кога ќе умреле нивните тела била оставени да скапуваат внатре во тие куќички.

На ѕидовите има правоголни отвори низ кои се внесувале телата.

12

Дури и денеска, ова место е обвиткано со мистерија.

Уште еден од митовите е дека местото е проколнато и дека секој што ќе се осмели да влезе нема да излезе жив и тоа е една од причините што локалните жители избегнуваат да одат во „Градот на мртвите“.

13

Поддржете ја нашата работа: