Кеопсовата пирамида, со висина од 146 метри е најголемата пирамида во Гиза, а благодарение на 3Д видеото од Би-Би-Си, добивме прилика виртуелно да прошетаме низ цврстите камени блокови и да ги откриеме скриените премини и простории.
Кеопсовата пирамида која е светско чудо на античкиот свет, е изградена меѓу 2509 и 2483 година пред нашата ера, и е гробница на фараонот Кеопс.
Од порано е познато дека во пирамидата има голем број на ходници и три големи комори, од кои најпозната е Големата галерија, долга 47 и висока 8 метри.
Сепак, иако постојат влезови во пирамидата и коморите во разни делови, голем дел од внатрешната структура бил неистражен се додека тимот од институтот HIP од Франција не продрел во неа со метода која се базира на детектирање миони.
Овие елементарни честички настануваат кога светлината која се емитува при експлозија на ѕвезди, од сјајните небули и соседни галаксии, ќе се судри со Земјината атмосфера. Тие честички паѓаат на Земјината површина и продираат низ нејзината структура, вклучително и Големата пирамида.
Благодарение на спектакуларната 3Д снимка, добивме можност да погледнеме во внатрешноста на пирамидата, макар и виртуелно кратко да прошетаме низ просториите и да ги откриеме.