Всушност, дигиталните алатки и софтвери може да го направат учењето на кинескиот јазик полесно, подостапно и поважно, фокусирајќи се на меморијата, вели д-р Дејвид Мозер, директор на студиите по кинески јазик на Универзитетот во Пекинг.
Мозер, кој има докторирано кинески студии на Универзитетот во Мичиген, Ен Арбор во САД, моментално се наоѓа во Сингапур за на јавен семинар да зборува за тоа како дигиталните алатки, како на пр. апликации на речници или софтвер кој претвора говор во текст, може да помогнат во учењето на кинескиот јазик.
Семинарот, наречен „Нова дигитална револуција во учењето мандарински“ се одржува во центарот за конвенции во „Raffles City“ заедно со 35-годишнината од кампањата „Зборувајте мандарински“.
Д-р Мозер смета дека луѓето можат подобро да научат ако ја насочат меморијата кон паметење на самите букви, наместо на начинот на којшто се пишуваат и го остават учењето на кинеските букви на електронските речници и апликации, како на пр. апликацијата „Pleco“, односно кинеско-англиски речник кој нуди карактеристики како водич при изговорот и препознавање на ракописот.
Тој е свесен дека она што го предлага е контроверзно бидејќи луѓето нема да знаат рачно да ги пишуваат буквите, меѓутоа смета дека овие апликации го олеснуваат пишувањето со што луѓето ќе бидат повеќе изложени на пишан текст и со текот на времето ќе добијат подобро чувство за јазикот.
„Луѓето ќе бидат се’ помалку способни да пишуваат илјадници букви рачно, бидејќи нема ни да имаат потреба од тоа“, вели д-р Мозер.
„Исто како кога почнавме да користиме дигитрони за да пресметуваме логаритми. Децата ја загубија способноста да ги пресметуваат, меѓутоа математиката се’ уште постои и се’ уште ги пресметуваме, само не рачно“
„Па така, се’ уште ќе зборуваме кинески, се’ уште ќе читаме и се’ уште ќе пишуваме, само не рачно“.
Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас. Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни! |
{loadposition like_article} |