Полјаците тестираа течни панцири

Течноста се нарекува „СТФ“, течност која се намалува и згуснува. СТФ не е во согласност со моделот на Њутновите течности, како водата, кај која силата се зголемува експоненцијално и отпорноста на протокот се менува  во согласност со промените на температурата.

СТФ се стврднува под влијанието на која било температура, обезбедувајќи заштита од навлегување на високо-брзински проектили и дополнително растурање на енергија низ поголема површина.

„Вискозитетот се зголемува благодарение на распределбата на честичките во течната структура, затоа што тие формираат бариера против надворешните продорни фактори”, изјави Каролина Олжевска, која врши испитувања на СТФ за Моратекс.

Точниот состав на СТФ е познат само за Моратекс и истражувачите од Воениот Институт за вооружувачка технологија во Варшава. Балистичките тестови покажаа отпорност на широк спектар на проектили.

„Потребно беше да пронајдеме или дизајнираме течност која функционира за заштита од проектили со брзина од 450 метри во секунда и повеќе. Успеавме!”, изјави  заменик-директорот за истражување на Институтот Моратекс.

Стопирањето на способноста на течноста, во комбинација со пониско вовлекување на површината, обезбедува повисоко ниво на сигурност за корисникот во споредба со традиционалните, најчесто кевлар-базирани решенија.

Дури и ако носите заштитен елек, четири сантиметри длабоки девијации може да предизвикаат повреди на градната коска, фрактура, миокарден инфаркт, смртоносно оштетување на слезината.

Благодарение на својствата на течноста, 100% се елиминираат овие закани бидејќи девијациите се намалуваат од 4 на 1 см. Кога е погоден од проектил со голема брзина, еден широк простор на СТФ се стврднува веднаш, па така енергијата се дисперзира далеку од внатрешните органи на носителот.

Имплементирањето на дизајнот во панцири бара дизајнирање и на специјални влошки, но компанијата вели дека тие се полесни од стандардните балистички додатоци и дозволуваат поширок опсег на движење за нивните корисници во полицијата и војската.

„Поентата е да не пречи, да не го менува начинот на движење, а во исто време да ја  зголеми ефикасноста на корисниците за време на мисијата“. 

Лабораторијатa, исто така, работи на магнеторхеологична течност, која се надеваат дека може да се примени и во нивните производи.

Според истражувачите, течностите би имале апликации и во други области, на пример во производството на професионални спортски додатоци, автомобилски браници или бариери за заштита на патиштата.

Статијата „Liquid body armor tested in Poland“ е преземена од Ројтерс.

Поддржете ја нашата работа: