Познатиот Милграм експеримент, имаше за цел да утврди дали има потчинување на авторитетот што резултира со исчезнување на чувството на одговорност.
Да потсетиме дека Стенли Милграм беше психолог од Јеил кој во 1961 година ја тестираше подготвеноста на просечните луѓе да се спротистават или покорат на упатствата од авторитетите, во случај кога стојат во директен судир со нивната совест. Целиот ексеримент е изведен така што сите учесници, освен тестираната личност, всушност глумеле, без таа да знае.
Во експериментот, учителот на своите студенти, им задавал електричен шок за секоја грешка направена при составување на парови на зборови. Напонот се зголемувал за секоја следна грешка, но во реалноста глумецот не претрпил ниту еден струен удар. Кога студентот молел се да престане бидејќи станувало неиздржливо болно, експериментаторот во бел мантил од тестираното лице барал да продолжи во корист на науката, пропратно користејќи стандардни реченици. Речениците од типот „Немате избор, мора да продолжите!“ очигледно резултирале со успех.
Конечните резултати биле такви што, буквално сите испитаници пуштиле електричен удар од 300 волти врз “учениците“, а дури две третини од нив го пуштиле и оној максималниот од 450 волти. Милграм го повторил својот експеримент во уште 18 различни варијанти во кои целите биле да се испита истиот тој ефект на авторитетот.
Се разбира од тоа биле инспирирани и други експерименти од страна на научниците. Нови експерименти се објавени во списанието Social Psychological and Personality Science.
Овие научници одлучиле да го поноват веќе многу пати направениот експеримент, бидејќи ги интересирало како ќе реагираат граѓаните од Полска, со оглед на тоа дека ништо слично не било спроведено во регионот на средна Европа. Исто така овој регион има интересна историја, па испитувањето се чини како посебно интересна идеја.
Студијата вклучува 80 пациенти (40 жени и 40 мажи) на возраст од 18-69 години. Тие морале да погодат вкупно 10 копчиња, од кои секоје е поврзано со повисоко ниво на волти, или болка.
Резултатите се следни: 90% од сите анкетирани го притиснале копчето до максимум (десет). Забележана е разлика помеѓу половите Имено, доста од испитаниците ги попречувале командите, посебно кога електричните шокови биле вршени над жени.
Без оглед на тоа што од 1961 година до сега, општеството доста се промени, интересно е да се види како покрај толку промени човечката природа одново победила.