Во колективната меморија на многу наши сограѓани е врежан стравот и сеќавањата на катастрофалната поплава од есента 1962 кога по масивните врнежи се излила реката Вардар за да летото 1963 година Скопје го погоди катастрофален земјотрес разурнувајќи 80% од градот.
Се обидовме да најдеме научно базирана корелација помеѓу поплавите и земјотресите со цел да видиме дали се оправдани стравувањата на многу наши граѓани дека после масивните поплави следат земјотреси.
Во светските научни кругови ретки се научниците кои можат да застанат зад тврдењата дека поплавите и земјотресите имаат некаква поврзаност.
Меѓутоа според мое лично убедување вреди да се спомене д-р Шимон Вдовински (Dr. Shimon Wdowinski) од универзитетот во Мајами кој за „National Geographic News“ во еден текст од 2011 година ќе застане зад тезата дека:
„Катастрофата предизвикува Катастрофа“
Тој тврди дека во одредени случаи масивните врнежи предизвикуваат масивни земјотреси и за тоа наоѓа статистичка поврзаност во повеќе случаи каде масивни дождови биле претходница на масивни земјотреси и тоа во период од неколку месеци па до неколку години после поплавите.
Постојат повеќе теории кои ги поврзуваат поплавите и земјотресите (во многу случаи најдена е и статистичка корелација дека после масивни земјотреси следат масивни врнежи – повеќе на следниов линк) меѓутоа науката се’ уште нема финален одговор на ова прашање кое се надеваме дека со новите истражувања кои следат и со употребата на софистицирани GPS сензори и сателити ќе дојдеме до посакуваните одговори и можност да превенираме човечки жртви.
Иако е краток периодот за да се проучи оваа материја подетално бидејќи постојат многу недокажани теории и статистички аномалии, сепак заклучоците што јас лично можев да ги извлечам се следниве:
- Можна е појава на земјотреси после масивни врнежи на нашата територија, а посебно во Скопската котлина каде имаме повторување на настаните што упатуваат на тоа дека самата композитура на почвата можно е да влијае на тектонските процеси.
- Поради непознавањето на подземните процеси и поврзаноста на тектонските плочи и слоевите во земјата не можеме да ја исклучиме и можната поврзаност на нашите земјотреси со врнежите што ја погодија деновиве Грција како и со оние од претходната година во Србија.
Која е логиката позади ова тврдење?
Иако се работи за посложени и недоволно истражени процеси ќе се обидам во кратки црти да ви ја доловам основата.
Замислете една голема книга како се притиска врз нејзината корица (тоа е исто како огромната тежина на водата од локалните поплави влијае врз подземните слоеви на земјата).
Книгата ќе има тенденција да се свитка односно слоевите (листовите) да се излизгаат еден од друг во една варијанта, или притисокот може да предизвика мало пропаѓање на едната страна, а издигнување на другата (како на клацкалица).
Доколку се работи за врнежлив период од годината, локалната поплава не може да дојде веднаш до израз бидејќи земјата е заситена со вода на поголема површина и притисокот од водата не е само во еден регион, меѓутоа проблемите се јавуваат во летните периоди кога водата од едни делови на земјата забрзано ќе испари доведувајќи до зголемени притисоци само во одредени региони коишто можат да доведат до движење на земјата односно земјотреси.
Ве покануваме на дискусија на следната фејсбук група која ја креиравме за оваа намена: Поплави и Земјотреси
Автор: Влатко Стефаноски