Истражувањето кое е спроведено од страна на Ерин Њумен од Австралискиот национален универзитет, покажува колку наизглед неважните детали влијаат на тоа дали ќе ѝ веруваме на науката или не.
Се поголемото влијание на псевдонауката и лажните вести, за науката се предизвик и претставување на релевантни резултати од јавноста, што повторно го поттикнува старото прашање – што ги наведува луѓето во неа да веруваат или не?
Психологот Ерин Њумен од Австралискиот национален универзитет спровела истражување чии резултати се објавени во списанието Science Communication и покажуваат дека квалитетот на звукот влијае на тоа дали слушателите ќе му веруваат на научникот чија снимка ја слушаат.
Ерин Њумен се занимава со помнењето, метакогницијата и лажните сеќавања, а во своите истражувања првенствено се фокусира на когнитивните процеси кои влијаат на човечките верувања.
Како и што напишала во својата биографија на сајтот на истоимениот универзитет, најмногу ја интересира зошто луѓето веруваат дека нешто е вистина, дури и кога не е, наведувајќи дека секојдневно донесуваме одлуки за тоа што е реалност, а што не е, од прашањето дали сме ја заклучиле вратата до дилемата дали да се верува во насловот од некој весник.
Еден од заклучоците на најновото истражување потврдува дека при проценката на веродостојноста на една информација, луѓето воглавно се потпираат на чувствата. Така во експериментите која ги спровела Њумен, испитаниците слушале снимки од научници во кои ја претставуваат својата работа, така што истата снимка пуштена на една група се слушала во целосен квалитет, а другата група ја слушала со многу лош квалитет на звук, па потоа испитаниците пополниле прашалник.
Во првиот експеримент, испитаниците од првата група ги оцениле научниците позитивно и со целосна доверба, додека оние од втората група ги оцениле како помалку интелигентни, со што истиот труд го ценеле како помалку интересен.
Во вториот експеримент, испитаниците слушале како истакнати научници разговараат за својата работа во познатата американска емисија Science Friday, а снимките содржеле подетални податоци за самите научници, како имиња, квалификации и имиња на установи во кои работат. Меѓутоа, овие информации не им го золемиле кредибилитетот, па испитаниците и натаму ги оценувале лошо, доколку звукот бил со лош квалитет.