Порастот на морското ниво е поголем отколку што мислевме

Едно ново истражување покажува дека сме го потцениле порастот на морското ниво што се случи во северната хемисфера во текот на 20-тиот век, откривајќи дека историските записи погрешно го пресметале порастот од 5 до 28 проценти во одредени области.

Со впишувањето на оригиналните мерења за нивото на морето на новиот климатски модел, истражувачите откриле дека проценките биле базирани на области кои не се показатели за порастот како целина, и дури сега ќе ја видиме вистинската слика.

Истражувачите на НАСА и Универзитетот во Хаваи велат дека има многу мала веројатност глобалниот просек на морското ниво да се зголемил помалку од 14cм за време на 20-тиот век, туку најверојатно износот бил поблиску до 17cм.

„Не велиме дека нешто не е во ред со инструментите или податоците, но поради многу причини, нивото на морето не се менува со исто темпо насекаде во исто време“ – вели Филип Томпсон, еден од истражувачите од Универзитетот во Хаваи.

Тимот открил дека поголемиот дел од оригиналните читања биле од 15 инструменти за мерење поставени на различни локации во Северна Америка и Европа- но овие места се оние каде порастот на морското ниво се чини дека е побавен од глобалниот просек.

Тоа е затоа што нивото на морето има тенденција да се зголемува побрзо во областите кои се најдалеку од изворот на топење на мразот, односно, со други зборови, доколку сте на другата страна на светот од каде што се топи мразот, вашето ниво на море ќе се зголеми многу побрзо отколку ако се наоѓате веднаш до местото каде што се топи мразот.

cvjwhuqwyaa_hom

Значи, доколку ги ставиме мерачите во северната хемисфера – каде што глобалното топење на мразот се случуваше со побрзо темпо во текот на минатиот век отколку во јужната хемисфера- мерењата ќе бидат пониски отколку ако се стават на местата кои се подалеку од топењето на мразот, како што е јужниот дел од Тихиот Океан и екваторијалните региони.

Според ова истражување, порастот на морското ниво како резултат на топење на мразот на Гренланд е потценето за 28 проценти, додека пак падот на нивото од топењето на Алпите е потценето за 5 проценти.

Па, изгледа сме во полоша ситуација отколку што мислевме, но добрата вест е што овој научен метод работи со полна сила, и во најмала рака ќе имаме подобра претстава за реалната ситуација на светските океани.

Ова истражување е објавено во „Geophysical Research Letters“.

Поддржете ја нашата работа: