Последниот машки северен бел носорог на светот

Иако нивниот број е помален од јужните, северните бели носорози некогаш живееле во делови на Уганда, Чад, Судан, Централната Африканска Држава и Демократската Република Конго. Но, со уништувањето на нивното природно живеалиште, како и поради вредноста на импресивните рогови, нивниот број драматично се намалил од 2000 во 1960 година, на само 7 во 2009 година.

„Вредноста за рогот на носорозите на црниот пазар е сега поголема од онаа за златото. Всушност, мислам дека се приближува на цената за кокаин“, вели Ричард Вајн од резерватот. Рогот на Судан е отстранет за да се намали поттикот на ловокрадците.

Во 2009 година, Судан заедно со уште три други носорози – две женки и уште еден мажјак (Наџин, Фату и Суни) пристигна во Ол Пејета од зоолошката „Dvur Králové“ од Чешка. Од зоолошката се надевале дека ова живеалиште, со неговата поприродна средина и популација на други видови носорози ќе овозможат поволни услови за парење за да се спасат овие прекрасни суштества од истребување. Но, минатиот октомври, почина 34 годишниот мажјак Суни, најверојатно од природни причини.

Во зоолошката градина „Сафари парк“ во Сан Диего имало два носорози – еден мажјак и една женка. Во декември минатата година почина 44 годишниот мажјак Ангалифу од старост, а женката Нола моментално прима антибиотици поради апсцес (гној) со големина на баскет на десниот колк.

Така, од крајот на минатата година (по смртта на Суни и Ангалифу) има само уште 5 носорози – три во Кенија, еден во Сан Диего и еден во Чешка.

За жал, обидите да се спарат Ангалифу и Суни со женките не биле успешни, а Судан со своите 42 години е веќе стар. Биолозите сметаат дека ин витро оплодувањето е можеби едниствениот начин за да за спаси овој вид од истребување. Тие зачувале и замрзнале сперма и сметаат дека женските јужни бели носорози може да послужат како сурогат мајки.

Поддржете ја нашата работа: