Во 1950-тите години, биохемичарите Стенли Милер и Херолд Јуриј направиле експеримент кој бил симулација на условите за кои се сметало дека постоеле во раниот геолошки период на Земјата. Со експериментот ја тестирале хипотезата дека условите во тој период овозможувале хемиски реакци кои синтетизирале органски соединенија од неоргански.
Станува збор за еден од најпознатите експерименти во историјата со кој е понуден модел за постанокот на животот на Земјата.
Овие двајца научници верувале дека за хемиските реакции кои се неопходни за постанок на животот, се потребни протеински катализатори.
Нивниот експеримент резултирал со создавање на аминокиселини, по што заклучиле дека тие би можеле да доведат до формирање на протеините и органската хемија. Меѓутоа, неколку децении подоцна откриено е дека и РНК може да дејствува како катализатор на многу клучни хемиски процеси во клетките.
Во меѓувреме, идејата за постанок на животот на Земјата се насочува кон „РНК свет“, кој претпоставува дека биохемијата и генетиката започнале заедно во форма на каталитички РНК молекули.
Сега, француско-чешки тим од научници го повториле Милер-Јуријевиот експеримент, но овој пат се барало присуство на молекулата формамид, која се состои од по еден атом на јаглерод, азот и кислород, како и три молекули водород.
Станува збор за многу важен градивен „блок“, кој влегува во состав на многу други соединенија, а најинтересно е што под одредени услови може да реагира со други формамид молекули и да предизвика создавање на сите четири РНК бази.
Во новиот експеримент научниците додале извор на енергија, кој Милер и Јуриј не го зеле предвид – ударите на небеските тела на Земјата. Тие користеле високоенергетски ласер кој ја имал енергијата осободена од ударите на кометите и метеорите. После симулираните удари, формамидите во системот ги создале сите четири РНК бази – основата на генетиката и модерната биохемија.
Иако не може со сигурност да се тврди дека идентично сценарио се одвивало во геолошкото минато на Земјата, новиот експеримент покажал изводливоста на уште едно можно сценарио за постанокот на животот на Земјата. Исто така, значаен е за можноста да се најде живот и на друго место. Дури и ако на почетокот Земјата немала атмосфера каква што е според моделот на Милер-Јуриј, сепак има шанси некоја од милијардите егзопанети што постојат да има.
Наодите се објавени во списането „PNAS“.