Постои ли музичка дислексија?

Дислексија е пречка во учењето кога мозокот не е во можност да го процесира пишаниот збор, дури и кога лицето има соодветна обука за читање. Истражувачите расправаат за причините и третманите, но доминантна теорија е дека лицата со дислексија имаат проблем со фонолошката обработка – способноста да се види симболот (буква или фонема) и да се поврзе со говорни звуци. Дислексијата тешко се дијагностицира, но се верува дека појавува кај 10% од населението.

Во 2000 година, Нил Гордон, пензиониран педијатриски невролог, ја предложил идејата за музичка дислексија (dysmusia), врз основа на повеќе докази дека деловите од мозокот кои се вклучени во читањето на музиката и текстот се разликуваат.

Идејата дека дислексијата може да влијае на читањето на нејазични симболи не е нова. На пример, дискалкулиа е тешкотија при читање и разбирање на математички симболи. Неодамнешните истражувања се во прилог на тезата дека дислексијата и дискалкулиата се различни состојби поттикнати од различни причини (дискалкулиата се смета дека е предизвикана од дефицит во просторната обработка во париеталниот лобус). Ако мозокот различно ги процесира зборовите и математичките знаци, зошто не би важело истото и за музичките?

Систем за пишување на музика

Западната музика, исто како јазикот, има високо еволуиран систем за кодирање. Ова овозможува запишување и пренос од композиторот на изведувачот. Но, музиката, за разлика од јазикот, користи петолиние за одредување на висината на симболот.

Тие може да се рангирани, укажувајќи на симултани перформанси (акорди). Музиката, исто така, користи систем на симболи за да се укаже како нотите треба да се отсвират. Симболите може да укажуваат на траење (ритам), волумен (динамика) и други перформанси. Музиката исто така користи и пишан збор за да се укаже и на изразните можности на музиката и текстот во вокалната музика. Изведувачот може и да не го познава јазикот на кој е напишан текстот.

Поради разликите во физичките карактеристики на системот на означување, логично е да се помисли дека мозокот активира различни процеси за препознавање на музиката и текстот – бар до одреден степен.

Читање на музика и текст

При читањето на музика регистрирана е мулти-модална активност, што значи дека многу различни подрачја на мозокот се вклучени во исто време. Вклучени се моторни, визуелни, аудитивни, аудиовизуелни, соматосензорни, париетални и фронтални области во двете хемисфери и малиот мозок. Со обука, нервната мрежа зајакнува. Дури и читањето на една нота ја активира оваа широка мрежа кај музичарите. Иако читањето на музиката и текстот делат одредени мозочни активности, тие се во голема мера независни.

Оштетувањето на мозокот, особено ако е распространето, како што беше случај со композиторот Морис Равел (можеби најпознат по Болеро), најверојатно ќе ги наруши способностите за читање на текст и музика. Равел имала форма на фронтотемпорална лобусна деменција.

Сепак, имало случаи каде поограничени повреди на мозокот ја оштетуваат способноста за читање само на еден систем на кодирање, додека другиот е поштеден.

Иан Мекдоналд, невролог и аматерски пијанист, сведочи за загубата и обновувањето на сопствената способност да чита музика по мозочен удар, иако неговата способност за читање текст останала непроменета. Оливер Сакс го опиша случајот на професионален пијанист кој поради дегенеративна болест на мозокот (задна кортикална атрофија), најпрво ја загубил способноста за читање музика, а години подоцна за текстуални четива. Забележана е и спротивната шема. Овие разлики како резулат на одредени мозочни оштетувања со векови ги фасцинираат научниците.

Разликите во вештината на читањето може да се случат дури и во рамките на музичката нотација. Биле пријавени случаи каде што музичарите ја изгубиле својата способност за читање на петолинието, но ги задржале своите способности за читање ритам, и обратно. ФМРИ студии потврдиле дека мозочните процеси за петолиние (просторни информации) и ритам (препознавање на симбол) се поинакви.

Музичка дислексија

Следен чекор е да се лоцира центарот на музичка дислексија. Може да биде дефицит во читањето на просторни, музички симболи или и двете. Убедливи случаи на музичка дислексија се’ уште не се пријавени (иако Хеберт и неговите колеги се доближија) и напорите да се утврдат ефектите  на дислексијата при читање на музичката нотација се’ уште се тешки за утврдување.

Децата во западните култури се учат да читаат текстови, но не секогаш учат да читаат музика. Дури и кога го прават тоа, неспособноста за читање музика не се третира како сериозен проблем. Многу надарени музичари се во можност да функционираат на професионално ниво само со слушање на музиката. Меѓу музичарите, постои широк спектар на вештини за читање на музиката. Идентификувањето на музичката дислексија би можело да помогне во објаснувањето на тоа зошто некои музичари читаат добро, а другите не.

Оригиналнот текст е објавен „Тhe Conversation“.

Поддржете ја нашата работа: