Потенцијален третман за мускулна дистрофија

За разлика од други видови клетки, како што се срцевите клетки, невроните и клетките во стомакот, претходните обиди за ефикасно и концизно создавање на мускулни клетки од матични клетки или култури не вродиле со плод.

Во новата студија објавена оваа недела во „Nature Biotechnology“, истражувачите од Харвард известуваат дека со идентификување и имитирање на важни знаци во развојот, тие успеале да создадат мускулни влакна, способни за контракции и репликација во голем број.

Овој нов метод на производство на мускулните клетки би можел да понуди подобар модел за проучување на мускулните болести, како на пример мускулна дистрофија, и за тестирање на потенцијални опции за третман.

Претходните студии користеле генетска модификација за да се создаде мал број на мускулни клетки во лабораторија, но истражувачите од Институтот за матични клетки на Харвард имале за цел да развијат техника која ќе им овозможи да растат голем број на мускулни клетки ефикасно, за употреба во клинички апликации.

Ги сумирале сите рани фази на развојот на мускулните клетки кои се случуваат во телото и ги пресоздале во чинија во лабораторија. Чекор по чекор, успеале да ја имитираат секоја фаза на развој на мускулните клетки и да генерираат клеточни линии кои светат зелено по завршувањето на секоја од фазите.

Тимот открил дека комбинацијата на секретирани фактори кои се важни во раната ембрионална фаза се исто така од суштинско значење и за поттикнувањето на диференцијација, односно специјализација на матични клетки во одредени типови на клетки, во лабораторија. Користејќи ја вистинската формула за диференцијација, тимот успеал да произведе долги зрели влакна во чинија, добиени од глувци или човечки плурипотентни матични клетки.

Истражувачкиот тим, исто така, бил во можност да произведе повеќе незрели клетки познати како сателитски клетки, кои кога се пресадени во модел на глушец со Душенова мускулна дистрофија, произведуваат мускулни влакна. Ќе бидат потребни понатамошни истражувања за да се утврди дали новата стратегија би можела да биде оптимизирана за лекување на дегенеративни болести кај луѓето.

Освен Душеновата мускулната дистрофија, новиот протокол, исто така, може да биде корисен за проучување на мускулни болести, како што се саркопениа (дегенеративни загуба на мускулите), кахексија (распаѓање на мускулите), како и други мускулни дистрофии.

Поддржете ја нашата работа: