Потенцијален третман за резистентна туберколоза

Наодите се објавени во „Bioorganic and Medicinal Chemistry Letters“.

Според Светската здравствена организација, 9 милиони луѓе се заразиле со туберколоза во 2013 година, а 1,5 милион починале. Додека стандардните лекови против туберколоза можат да ја излечат инфекцијата со „Mycobacterium tuberculosis“, несоодветната употреба на антибиотици доведе до нови видови на бактерии отпорни на двата најмоќни лекови, изонијазид и рифампицин.

Исто како и кај другите живи организми, генетската информација во „M. tuberculosis“ поминува низ сложен процес, познат како транскрипција, при што бактерискиот ензим – РНК полимераза којшто е зависен од ДНК, произведува ТБ РНК. Оваа молекула е вклучена во процесите при кои се создаваат бактериските протеини кои му се потребни на организмот за да преживее. Молекулата која научниците ја развиле се врзува за магнезиумот и други специфични амино киселини во бактеријата, со што се прекинува производството на РНК. Тоа значи дека го инхибира растот на бактеријата и ја прави неспособна за размножување и ширење на инфекцијата.

Научниците исто така спровеле и обемни истражувања за да утврдат дали новоразвиеното соеднинение има соодветно долг живот и дали може да се исчисти од телото преку нормалните биохемиски механизми, и резултатите биле мошне позитивни. Научниците се изненадиле кога откриле дека ова соединение покажува и силни својства против ХИВ, што отвора можност за двојна терапевтска примена.

„Ова претставува многу важно откритие бидејќи оние кои се заболени од ХИВ имаат 26 – 31 пати поголем ризик за појава на туберколоза, со што потребата за лек со двојна намена е огромна“, заклучуваат истражувачите.


Поддржете ја нашата работа: