Повеќе се сакаме себеси отколку партнерот?

Young loving couple with flowers. Man gives his girlfriend red roses in honor of Valentine's Day

Психолозите ја тестираат претпоставката дека кога се споредуваме со своите партнери, имаме повисоко мислење за себеси, отколку за партнерите. За таа цел, спровеле три експерименти.

Во првиот експеримент, учесниците требало да набројат 10 особини кои парнерите повеќе ги покажуваат и потоа да оценат колку се тие добри. Сите учесници сметале дека нивните особини се подобри и попожелни отколку оние на нивните партнери.

Потоа, во вториот и третиот експеримент, учесниците оценувале колку тие и нивните партнери покажуваат одредни позитивни и негативни особини. Резултатите покажале дека луѓето почесто ги поврзувале позитивните особини со себеси.

„Нашето истражување покажува дека генерално луѓето навистина ги оценуваат своите особини како подобри од оние на партнерот, кога се принудени да се споредуваат“, велат истражувачите.

Ова би можело да има значителни ефекти на врската. Дури и ако се работи за мали разлики во оценувањето, тоа може да резултира со себични одлуки, особено во ситуации во кои желбата на партнерот е во прашање. На пример, едниот партнер може да одлучи дека другиот треба да остане дома и да ги чува децата, а тој да излезе на забава бидејќи повеќе заслужил.

Иако ова истражување ни овозможува интересен увид во односите, сепак има одредени ограничувања. Спроведено е на мал број лица – 104 лица во првиот експеримент, 62 студенти во вториот и 251 лица во третиот експеримент, при што оние во првиот и третиот биле во долгогодишна врска. Ова се многу малку луѓе за откритијата да се генерализираат на целата популација. Но, сепак, ова истражување треба да не потсети да не бидеме себични и малку повеќе да ги цениме нашите партнери.

Истражувањето е објавено во „Personal Relationships“

Поддржете ја нашата работа: