Позитивни потсвесни пораки

Преку користење на нов метод на интервенција, истражувачите се обиделе да откријат дали изложувањето на позитивни стереотипи за стареењето, може да ги ублажи ефектите од негативните стереотипи , а со тоа да доведе и до подобрување на здравјето.

Истражувањето објавено во списанието „Psychological Science“, опфатило 100 постари индивидуи (просечна старост од 81 година) од пошироката околина на Њу Хевн, Конектикат, во САД. На некои од учесниците на комјутерски екран им биле покажани зборови со позитивна конотација поврзани со годините како „витален” и „креативен”, но со голема брзина која не дозволува свесна перцепција.

Лицата кои биле изложени на позитивните пораки покажале голем опсег на подобрувања на физичките и на психолошките способности , што не било забележано кај лицата од останатата група. Подобрувањата на физичките способности траеле три недели откако интервенцијата завршила. Во истиот период позитивната перцепција кои лицата ја имале за себе во врска со стареењето се зајакнала, додека негативната ослабнала.

„Предизвикот што го имавме во ова истражување беше да им овозможиме на учесниците да ги надминат негативните стереотипи врзани за стареењето, што владеат во општеството. Успешниот исход укажува на потенцијалот што го има насочувањето на потсвесните процеси во подобрувањето на физичките способности“ – вели Бека Леви, водичот на истражувањето.

Иако, претходно, Бека Леви , го покажа негативното дејство на негативните стереотипи поврзани со стареењето, ова е прв наод што укажува дека активирањето на потсвесните позитивни стереотипи води до подобрување на општата состојба.

Интервенцијата води до подобрување на  физичките способности преку серија од позитивни ефекти-со зајакнувањето на позитивните стереотипи се зајакнува  позитивната перцепција за себе што резултира со подобрена физичка способност.

Ефектите што се покажани во оваа студија ги надминуваат ефектите што ги има шест месечното вежбање на луѓе со слична возраст , кои претходно биле прикажани во друго истражување.

Поддржете ја нашата работа: