Како прашина од Сахара помогнала да се формираат Бахамите ?

Прашината од Сахара содржи големи количини железо, што претставува поволна средина за одредена бактерија што создава калциум карбонат. Оваа бактерија, носена од прашината на оваа пустина, преку атмосферата преминала од другата страна на Атлантикот и учествувала во создавањето на Бахамските острови во текот на последните 100 милиони години.

Научниците од Универзитетот во Мајами, на чело со поморскиот геолог Питер Сворт (анг. Peter Swart), пронашле високи концентрации на два елементи карактеристични за песокот од Сахара, во примероци од морското дно замени покрај брегот на Бахамите.

Седиментот таму е создаден од цијанобактерија, на која и е потребно 10 пати повеќе железо отколку на другите фотосинтетизери, бидејќи го врзува атмосферскиот азот.

Тој процес го создава калциум карбонатот што денеска се наоѓа околу Бахамските острови.

Студијата може да ја прочитате http://geology.gsapubs.org/content/early/2014/06/26/G35744.1.abstract

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt