Во новата студија од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, се опфатени правила на приватноста кои ќе бидат од суштинско значење и важен дел од нашата дигитална иднина.
„Како општество, мораме да се обидеме да ги зачуваме човечките вредности врз кои се изградени нашите политички, социјални и економски институции, и мора да се чувствуваме сигурни во врска со нашиот дигитален свет”, истакнува Ричардс, професор по право на Универзитетот.
Ричардс е меѓународно признат авторитет за законот за приватност и информации. Тој е коавтор на новиот труд ” Big Data and the Future for Privacy“, заедно со Џонатан Х. Кинг, каде што истакнуваат три основни точки за иднината на приватноста.
„Прво, ние самите треба да го промениме мислењето за приватноста“, вели Ричардс. „Приватноста не е само чување тајни, туку ги опфаќа и правилата кои ние ги користиме за регулирање на информациите“.
Второ, научниците сугерираат дека заштитата на приватноста е и средство за заштита на другите вредности, вклучувајќи ги идентитетот, рамноправноста, сигурноста и довербата.
Трето, свесни за комплексноста на нашето дигитално општество, Ричардс и Кинг ја потенцираат потребата од промена на сегашната регулатива за заштита на податоци и развој на дигитална етика.