Дали празноверието е целосно бескорисно?
Многу луѓе веруваат дека бројот 13 е несреќен или дека нешто лошо ќе им се случи ако им го попречи патот црна мачка. Спортистите исто така имаат бројни ритуали пред важни натпревари, а некои од нив сметаат дека нема да постигнат добар резултат доколку истите ги прескокнат.
Најновите истражувања покажуваат дека 25% од Американците се суеверни. Психолозите кои ги проучувале празноверијата велат дека истите произлегуваат од претпоставката дека постои врска помеѓу случувањата кои се повторуваат. На многумина празноверието им дава чувство на контрола, па така им се намалува анксиозноста.
Токму поради таа причина, суеверието се зголемува и расте стресот и загриженоста. Тоа посебно се чувствувало во времињата на војни и за време на економската криза. Тоа може да ги наведе поединците да донесуваат ирационални одлуки, како што се верување во среќа и судбина.
Иако на некои луѓе празноверието им звучи смешно, истото за други влијае на нивното донесување одлуки во реалниот свет.
Кога на пример, станува збор за спортот, суеверието помага во намалување на напнатоста, т.е. на спортистите им дава чувство на контрола над непредвидливите фактори.
Познатиот кошаркар Мајкл Џордан под својот дрес на Чикаго Булс ја носел својата среќна кратка маичка. Тенисерот Бјорн Борк, наводно носел иста маица додека се подготвувал за Вимблдон. Рафаел Надал има посебни ритуали и слично.
Меѓутоа, доколку овие ритуали не бидат успешно извршени, психолозите велат дека кај некои личности можат да развијат анксиозност.
13% од луѓето во едно истражување рекле дека би им сметало да престојуваат на 13ти кат од некој хотел, а од нив 9% би побарале друга соба. Поради оваа причина некои авионски компании како што се “Луфтханза” и “Еар Франс”, немаат 13ти ред на седишта. “Луфтханза” нема ни 17ти ред бидејќи во некои земји како што се Италија и Бразил, 17 важи за несреќен број, а не 13.