Предложен нов тип на мотор базиран на CO2

Се работи за нов вид на мотор за производство на енергија заснован на ефектот “Leidenfrost“ – феномен што се случува кога некоја течност доаѓа во близок контакт со површина која е многу потопла од својата точка на вриење (на пр. кога ќе истуриме вода на заграно тавче), нo исто така се однесува и на цврст јаглероден диоксид, попознат како сув мраз. Коцки сув мраз можат да лебдат над топлата површина бидејќи се заштитени од бариера од испарениот гас. Научниците предлагаат да се искористи оваа пареа за да се напојува моторот. Ова е прв пат овој ефект да се примени како начин за добивање на енергија.

Оваа техника има возбудливи примени за работа во екстремни или туѓи средини, како на пр. вселената. Би можела да се користи за долгорочните истражувања и колонизацијата на Марс да се направат одржливи, со користењето на природно настанат цврст јаглероден диоксид како ресурс, а не како отпад. Ако ова може да се реализира, тогаш идните мисии на Марс, не мора да значи дека ќе бидат во еден правец.

Сувиот мраз може да не се наоѓа во изобилство на Земјата, но податоците од орбитерот на Марс покажуваат дека таму може да биде природен ресурс. Јаглеродниот диоксид на Марс има слична улога како што има водата на Земјата. Доколку се користи новиот мотор, би можело да се создадат електрани на површината на Марс во иднина.

Научниците сметаат дека еден од најголемите предизвици на човештвото во овој век е пронаоѓањето на нови начини за добивање на енергија, особено во екстремни услови. Овој мотор е резултат на тој предизвик, кој покрај истражувањата и колонизацијата на вселената, може да има и други примени.

Истражувањето е објавено во „Nature Communications“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt