Александар Греам Бел е познат како пронаоѓачот на првиот практичен телефон во светот, но неговата генијалност не е ограничена само на револуционерните пронајдоци. Тој не само што ја предвидел денешната енергетска криза, туку исто така понудил и решение со користење на соларни панели и биогориво.
Во една статија објавена во 1917 година во списанието „National Geographic“ Бел направил едно многу вистинито предвидување за нескротливата употреба на фосилни горива, а подоцна зборувал за тоа дека Земјата ќе стане „жешка куќа за луѓето“.
Според неговата биографија, напишана од неговиот правнук Едвин С.Гросвенор и Морган Весен во 1977, многу научници разговарале за потенцијалните глобални ефекти од загадувањето на воздухот пред повеќе од еден век, меѓутоа Бел бил првиот кој го предвидел затоплувањето.
Неколкумина од научниците кои дебатирале за тоа сметале дека со загадувањето на воздухот климата ќе се олади бидејќи ќе се блокираат топлите зраци од Сонцето. Бел сметал поинаку. „Додека губиме дел од Сончевата топлина, би можеле да добиеме дел од топлината на Земјата, што вообичаено се насочува во вселената. Според мене, ќе имаме некој вид на ефект на стаклена градина. Крајниот резултат е стаклената градина да стане жешка куќа“- изјавил Бел.
Бел бил заслужен и за појавата на фразата „ефект на стаклена градина“ но сепак, се чини дека тој израз се користел и една деценија пред овие размислувања од страна на англискиот физичар Џон Хенри Поинтинг.
Во 1909- тата година, тој го споменува „ефектот на прекривање“ од загадувањето на воздухот како „ефект на стаклена градина“, и додека неговите научни размислувања многу брзо биле отфрлени, фразата сепак останала, појавувајќи се и во неколку статии во раните 1990- ти.
Во 1917-тата Бел бил дел од обраќањето до дипломираните студенти од Школата за обука Мекинли Во Вашингтон, каде што ја искористил можноста за јавно да зборува за многу проблеми како на пример како да се направи топла бања во 02 часот наутро или дали поштенските марки би можеле да се користат за транспорт на лица.
Овој говор бил ревидиран од страна на списанието „National Geographic“ истата година, каде што тој исто така зборувал за предизвиците со кои се соочува светот коишто напредувале од „свеќи до електрична енергија во текот на еден живот“, предвидувајќи дека нема да престанеме да ги користиме резервите на нафта и јаглен се додека буквално не пресушат.
„Јагленот и нафтата се ископуваат и се ограничени во квантитет. Можеме да земеме јаглен од рудникот, но не можеме никогаш да го вратиме назад. Можеме да извлечеме нафта од подземните резервоари, но никогаш не можеме да ги наполниме назад“ – објаснувал тој.
Во однос на јагленот и нафтата, годишната потрошувачка во светот сега е толку голема што всушност се наоѓаме пред самиот крај. А што би правеле кога ќе нема повеќе јаглен и нафта?!
Па, Бел ги предложувал обновливите извори на енергија од плимата и брановите што се’ уште не сме научиле како да ги користиме, и од сончевите зраци.
Овој предлог за како да се користи сончевата енергија го родил сомнежот дека тоје таен патник низ времето, бидејќи во биографијата е опишано дека во 1914-тата година тој дури направил и скица од соларен уред на кров.
„Секој град има пространство од покриви кои се изложени на сонце. Не постои причина зошто да не ги искористимекрововите за да инсталираме соларни апарати за чување на топлината добиена од Сонцето. Сончевата топлина, како и топлината која поминува низ оџакот, се отпадни производи. Ги имаме, но не ги користиме. А потоа се жалиме за цената на сметката за јаглен“ – гласи неговата цитирана изјава.
Сепак, тука се и неговите помалку успешни изјави, како што е неговиот омилен алтернативен енергетски извор, а тоа е алкохолот – „прекрасно чисто и ефективно гориво“.
Бел се залагал за употреба на алкохол направен од пилевина и стеблото на житариците како достапен извор на биогориво, и предвидувал дека:
„Светот најверојатно ќе зависи од алкохолот се повеќе и повеќе со текот на времето и голема област на корисност би се отворила за некој инженер кој би овозможил нашите машини да направат алкохолот да се користи како извор на енергија“.
Од алгите па се до бактериите, биогоривата не доживеале некој напредок, па освен големото достигнување во производството на етанол гориво, се´ уште ги чекаме резултатите.
Па, да кажеме дека доколку Александар Греам Бел и Карл Саган би можеле да патуваат низ времето и го видат она што се случува во оваа 2017 година, би биле еднакво збунети и ужаснати од тоа колку биле точни нивните предвидувања.