Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот

ЗГ „Центар за климатски промени – Гевгелија започнува  информативна кампања за промовирање на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Бугарија, прв повик 2014TC16I5CB006-2015-1.

Главната цел на проектот е да се интензивира и промовира прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите за заедничко решавање на еколошки проблеми поврзани со управувањето со отпадот и спречување на загадувањето во пограничниот регион, преку што ќе се овозможи подобар квалитет на животот во регионот.

Информативната кампања ќе се спроведува во сите општини од Југоисточниот регион и во истата ќе бидат вклучени ученици од основните училишта на возраст од 6 до 15 години, граѓански организации и мали и средни претпријатија кои работат во областа на управување со отпад. Воедно на  12 основни училишта ќе им бидат донирани 2 сета канти (секој сет ќе се состои од четири канти различни по боја за собирање на различни типови на отпад: стакло, хартија, пластика и отпад од електрична и електронска опрема), две туби за собирање на отпадни батерии и 50 стапчиња за собирање на отпад.

Во рамките на проектот ќе биде изработена апликација за мобилни телефони со која ќе може секој да пријави диви депонии и други загадени области во пограничниот регион, програма за обука наменета за основните училишта која ќе опфаќа теми за управувања со отпад, негово намалување и рециклирање и едукативна книга за животниот циклус на отпадот намената за деца и ученици до 16 годишна возраст.

Од месец Март веќе е во употреба интернет порталот на проектот www.waste-edu.eu, на кој може да се прочитаат подетални информации за проектот и тековните активности.

  
Овој проект е кофинансиран од Европската унија преку Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија

Оваа публикација е остварена со помош на Европската Унија. За содржината на оваа публикација одговорност носи исклучиво ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија и не може во никој случај да го одразува ставот на Европската Унија.

Поддржете ја нашата работа: