Претставен генетскиот код на пченицата

Светот се соочува со огромни предизвици во однос на храната . Предвидувањата велат дека човечката популација  ќе се зголеми на повеќе од 9 милијарди до 2050-та година,со што производството на храна ќе треба да се зголеми за повеќе од 50 проценти без проширување на употребата на земјиштето (климатските промени имаат огромна улога). Останати фактори кои ја отежнуваат ситуацијата се : намалена  достапност на ѓубрива, вода и ефективна заштита од штетници.

Истражувачите ја истакнаа потребата да се развијат нови и подобри сорти на пченица.

Геномот на пченицата има повторувачка природа, и тоа во голема мера ги усложнува напорите да се дешифрира.

Истражувачите проценуваат дека пченицата има околу 124.000 гени и дека неjзиниот  геном е 50 пати поголем од човечкиот. Истражувањето, објавено во списанието „Science“ ги опфаќа речиси сите гени (60%) на лебната пченица, чие научно име е „Triticum aestivum“.

Целта е во рок од 3 години да се секвенционираат сите хромозоми. Иако  пченицата е еден од клучните сегменти во светската исхрана и трошоците за истражување се помали во однос на некои други култури, сепак е тешко да се најдат средства за истражувањето.

Поддржете ја нашата работа: