Превенција на кардиоваскуларни болести преку скенирање на мозокот

Имено, истражувачите ги испитувале сите релевантни снимки на мозокот напрaвени во последните 33 години. Тие ги разгледале снимките направени со сите достапни методи на снимање на мозокот кај пациенти со ризик – фактори за васкуларни болести , но без видливи симптоми кои би воделе до дијагностицирање на васкуларни заболувања на срцето, мозокот или во периферната циркулација (на пр. раце и нозе).

Испитувањата покажале дека  на снимките кај луѓето со висок крвен притисок, дијабетес, зголемена телесна тежина, вишок холестерол или метаболички синдром, но без видливи симптоми, се појавуваат видливи знаци на структурални и функционални промени на мозокот, многу порано пред да се случи каква било состојба поврзана со васкуларните болести (срцев или мозочен удар).

„Ова е прв пат да сме во можност да ги раздвоиме ефектите на васкуларните ризик- фактори врз мозокот од ефектите на кардиоваскуларните или цереброваскуларните болести врз мозокот откако тие ќе се појават. Уште повеќе, лесните когнитивни пореметувања се важен клинички показател за промените во мозокот како резултат на васкуларните ризик-фактори, кај инаку здрави лица.

Раната идентификација на промените во мозокот им отвора можност на докторите  навремено да интервенираат и со намалување на васкуларните ризик – фактори да спречат развој на кардиоваскуларни и цереброваскуларни болести”, велат истражувачите. Оваа хипотеза истражувачите моментално ја тестираат во „Mount Sinai“.

„Пациентите би требало уште денес да почнат да ги контролираат своите ризик-фактори, во спротивно, физичките промени во мозокот можат да станат трајни, доведувајќи до оштетување на срцето и крвните садови што ќе влијае на нивното севкупно здравје во иднина, па дури и да доведе до опаѓање на когнитивните способности што може да води до деменција.

Истражувачите, како клучни фактори кои имаат влијание врз структуралното и функционално здравје на мозокот кај лицата кои немаат видливи симптоми, ги наведуваат следните:

Висок крвен притисок – се поврзува со намалување на волуменот на мозокот, редукција на протокот на крв во мозокот, како и промена на нормалните активности на синхронизацијата на мозочната активност помеѓу различни регии.

Зголемена телесна тежина – се поврзува со намалување на волуменот на мозокот, намалување на протокот на крв и метаболизмот.

Високо ниво на вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот („лошиот холестерол”) – се поврзуваат со намалување на волуменот на мозокот и абнормалности во мозочните врски, додека триглицеридите го намалуваат протокот на крв во мозокoт, а вкупниот холестерол е поврзан со намалениот метаболизам во мозокот.

Пушењето  – го намалува волуменот на мозокот и го менува нормалното снабдување на мозокот со крв. Покрај тоа, го намалува нивото на моноамино оксидаза Б (MAO B) која го метаболизира допаминот.

Метаболички синдром –  којшто покрај претходно наведените, се поврзува и со зголемената опасност од „тивки” инфаркти на мозокот (субклиничко цереброваскуларно пореметување), видливo само со магнетна резонанца.

Поддржете ја нашата работа: