За среќа, постојат ефикасни начини за третман на на првутот.
Што претставува првутот?
Првутот претставува форма на себороичен дерматит. Себороичниот дерматит е чест тип на дерматозите што обично зафаќаат делови од телото каде има мноштво од лојни жлезди, како што е скалпот, лицето, градите и во наборите на телото.
Лојните жлезди лачат себум (лој), материја слична на восок која служи за подмачкување на косата и кожата. Кај благите форми на себороичен дерматит, зафатено е темето на главата и тоа се нарекува првут (pityriasis sicca), што се манифестита со карактеристичните бели лушпи.
Првутот може да се појави во детството и има постепен почеток. Првутот и себороичниот дерматит може да се повлечат во детството и адолесцентниот период, но можат и да продолжат и во текот на зрелото доба.
Оваа состојба се јавува кај 2-5 проценти од популацијата и почеста е кај мажите. Некои луѓе се жалат дека состојбата со првутот им се влошува во есен и зима и во сува средина. Сонцето има различно влијание. Некои лица сметаат дека сонцето им ја подобрува состојбата, додека други дека доведува до влошување.
Покрај скалпот, со првут може да бидат зафатени и веѓите и трепките.
Што е причина за појава на првут?
Некои експерти укажуваат дека првутот или во поширока смисла, себороичниот дерматит, е резултат на генетска предиспозиција кон „себороични состојби“. Овие себороични состојби може исто така да се поврзани со „предпсориатични состојби“. Всушност многу од лицата кои имаат првут, имаат и псоријаза на телото. Истовременото присуство на себореа и псоријаза е толку вообичаено што некои го нарекуваат „себоријаза“. Покрај генетиката за развојот и на себореата и на псоријазата, голема улога може да игра и габичката „M. Furfur“.
Првутот и себорочниот дерматит, вообичаено се присутни и кај следниве состојби:
- Паркинсонова болест
- Состојби на намален имунитет, како ХИВ, СИДА или при трансплантации на срце
- Надостаток на цинк, ниацин и пиридоксин
Како се третира првутот?
За да се држи под контрола, првутот бара постојан и упорен третман. Постојат неколку типови на шампони кои се доста ефикасни. Ако еден шампон не дава резултати, може да се премине на некој друг. Еве четири типови на шампони кои обично се користат за третман на првутот и се лесно достапни:
- Шампони на база на цинк-пиритион. Содржат антибактериски и антигабични состојки (цинк-пиритион)
- Шампони на база на селен сулфид. Може да ги превенираат промените во клетките и да помогнат во контролата на габите.
- Шампони со кетоконазол. Имаат широк антигабичен спектар. Причината зошто антигабичните лекови можат да бидат ефикасни е бидејќи, како што беше спомнато погоре, причина за појава на првутот може да биде и габичка.
- Шампони на база на катран од камен – јаглен. Го редуцираат создавањето на првут.
Кај поупорните случаи на првут и себороичен дерматит, може орално да се користи и ретинолна киселина, која е многу ефикасна. Ретинолната киселина или ретинол е дериват на витаминот А и вообичаено се користи за третирање на акни. Бидејќи ретинолната киселина е штетна за плодот, бремените жени не треба да ја користат.
Покрај соодветниот шампон, уште неколку други мерки можат да помогнат да се контролира првутот, меѓу кои правилна исхрана, намалување на стресот, како и помала употреба на средствата за обликување на косата.
Доследното придржување кон рутината за контрола на првутот ќе ви овозможи косата и скалпот да изгледаат здраво и без присутво на досадните лушпи од првут.