Приватната вселенска индустрија на Кина се подготвува да се натпреварува со „SpaceX“ и „Blue Origin“

Во САД голем дел од неодамнешното медиумско внимание е насочено на патувањето во вселената и активностите на надмените милијардери и приватни компании. Сепак, се изостава фактот дека, како и во поголемиот дел од другите глобални бизниси, нова генерација на кинески комерцијални и туристички напори за во вселената исто така настојуваат да се натреваруваат.

Една од поинтригантните комерцијални компании во развој, за лансирања во вселената, во Кина е „Expace“. Основана во февруари, фирмата ќе биде водечкиот сопственик на првиот комерцијален индустриски парк за вселената во Вухан, Кина. Таа веќе има потпишано за повеќе од 10 лансирања за ракетите „Kuaizhou“. Жанг Ди, претседателот на „Expace“ исто така е и заменик директор на Четвртата академија на кинеската воздухопловна научна и индустриска коорпорација (CASIC), која што ги произведува ракетите „Kuaizhou“.

„Kuaizhou“ којашто потекнува од возилото за лансирање за кинески анти-сателитски оружја и пресретнувачи за ракетна одбрана, е ракета од 2 дијаметри, со цврсто гориво; последниот KZ-11 може да поднесе 1,5 тони товар до ниската орбита на Земјата по цена за лансирање од 10.000 долари по килограм. Целниот пазар на „Expace“ е да лансира мали сателити за домашни и странски клиенти, а исто така, цврстото гориво на KZ-11 значи дека во споредба со ракетите со течно гориво, може да биде лансирана на барање.

kz-1a_expace

Како дел од инвестицијата од 1,5 милијарди долари во футуристичкиот туризам и паркот со вселенска тематика, групата Ши Куанг се обидува да им даде на туристите висок живот – 3 часовен лет во „Cloud“ – балон на голема височина кој започнува во егзо-атмосферата, 24 километри над земјата.

Туристите ќе бидат сместени во кабини со налик на вселенски капсули кои смело ќе се нишаат под авионот. Овој балон може да се поврзе со „Yuanmeng“ – гигантскиот авион на голема височина на Кина кој прв пат полета во октомври 2015 г.

И „Yuanmeng“ и „Cloud“имаат и посериозна примена исто така. Тие може да имаат улога на постојана сензорска покриеност на широк простор за мисии поврзани почнувајќи од природни катастрофи до ракетна одбрана. Исто така, поради големата височина овие авиони може да претставуваат комуникациски јазли во случај да пропаднат сателитските мрежи.

kuangchi_cloud

Кинеската академија за лансирање на возна технологија (CALT), уште еден кинески гигант за воздушно истражување кој чекори помеѓу јавниот и приватниот сектор, ги откри плановите за најголемиот (иако суб-орбитален) вселенски авион во една фаза на светот на Меѓународниот воздухопловен конгрес во Гвадалахара, Мексико.

И двата вселенски авиони ќе полетаат вертикално, помалиот – од 10 тона, е дизајниран да понесе 4 лица и да лета 6 до 100 км максимум во височина, додека поголемиот – од 100 тона-ќе понесе 20 патници на 8 до 130 км во височина. Помалото летало најверојатно е само технолошки демонстратор, а големото првично ќе носи само товар на своите први летови.

Интересно, и двете вселенски авиони ќе имаат течен кислород и мотори на течен метан, и двата мотори „Space X Raptor“ и „Blue Origin BE-4“ исто така горат течен кислород и течен метан. „CALT“ се надева дека секој од авионите ќе лета 50 пати пред да се испрати назад на фабрички ремонт.

china_suborbital_spaceplane

Големиот кинески вселенски авион е дизајниран да се користи за лансирање на орбитална носивост, кој ќе носи второ фазна ракета до Кармановата линија (100км височина). Тие ќе се одделат и 1-2 тонскиот сателит ќе се смести во орбитата (Американскиот „DARPA XS-1“ користи сличен дизајн).

Додека градењето на вселенски авион од 100 тона, или во најмала рака летање на помал технолошки демонстратор во 2020-тата година е амбициозна временска рамка за секој, оваа технологија веќе е докажана од страна на други земји. На пример ракетата „New Shepard“ на „Blue Origin“ (иако повеќе е еднократна ракета наместо вселенски авион) тежи 75 тона и исто така може да стигне до Кармановата линија.

Вселенските авиони на „CALT“ исто така може да го демонстрираат и успехот кај технологиите како што е термален оклоп и насоки за слетување кај авионите што ќе го отвори патот за другите кинески вселенски авиони, како што е орбитралниот „хибриден“ вселенски авион кој се очекува да полета во средината на 2020-тата г.

Поддржете ја нашата работа: