Што е толку интересно во врска со плацентата?
Човековата плацента е уникатна- тоа е единствениот орган што го исфрлате откако ќе порасне. Доколку се развие уште една, и таа ќе ја исфрлите. Плацентата има многу функции. Таа му обезбедува исхрана на бебето и накратко ги врши функциите на белите дробови, бубрезите и имунолошкиот систем.
Зарем досегашните истражувања на плацентата не се доволни?
Не, плацентата се развива со текот на времето, исто како бебето, но сепак повеќето од истражувачите се фокусираат на плацентата при породувањето. Тоа дава само делумна слика. Една од причините за започнување на проектот е големиот напредок во технологијата и во други медицински области, кој се уште не се применува во текот на бременоста. Наша цел е да се развијат алатки за подобро да се разбере она што се случува, во реално време, во текот на процесот.
Дали тоа значи дека ултразвукот не може да ви ги даде потребните информации?
Како гинеколог, јас користам ултразвук цело време, но тоа само ни дава слика на плацентата. Немаме податоци за случувањата со метаболизмот, без разлика дали зборуваме за обезбедување на правилните хранливи материи и доволна количина на кислород на бебето, односно фетусот, кои гени се активирани, и така натаму.
Како сите овие нешта влијаат на бременоста?
Доколку плацентата не се развива нормално, секако тоа ќе се одрази на растот и развојот на бебето. Тоа може да предизвика бебето да биде помало или поголемо, а може да резултира и со предвремено породување. Развојот на плацентата во текот на бременоста може да поттикне одредени компликации кај мајката, како пре-еклампсија, состојба поврзана со висок крвен притисок. Друга компликација е и плацентарната абрупција, кога плацентата се одвојува од ѕидот на матката премногу рано. Овие состојби се штетни за мајката и бебето.
Може ли плацентарниот развој да има долгорочни влијанија врз здравјето?
Да, тоа може да влијае на здравјето на бебето и мајката подоцна низ животот. Мајките со пре-еклампсија имаат поголем ризик од срцеви заболувања подоцна во животот. Ние не знаеме дали всушност тие имаат пре-еклампсија, поради постоечките состојби откриени со „стрес“ тестот на бременост и дали ќе се намали ризикот од срцеви заболувања доколку се детектираат и спречат абнормалностите во плацентата. Плацентата има дури и транс генерациски ефекти: бебиња родени мали имаат поголем ризик од компликации, како срцеви заболувања и рак подоцна во животот, и кои можат да влијаат на јајцата или спермата, односно и на нивното потомство.
Кои се вашите планови за откривање на „тајните“ на плацентата?
Еден начин е користењето на достапните технологии, вклучувајќи ултразвук и МР скенови. Исто така, од суштинско значење е да се развијат нови алатки. Пациентите често имаат пулс оксиметар кој се аплицира на прстот за следење на нивото на кислород во крвта. Дали би можело нешто слично да се примени во стомакот или грлото на матката за следење на плацентата? Ние сме на самиот почеток, па ќе биде возбудливо да ги видиме резулатите од проектот.