Во „Journal of Agricultural and Food Chemistry“ тие ги опишуваат регионите во генетскиот код на растението кои се поврзани со производството на гуми. Овие наоди го отвораат патот за одгледување на нова култура како извор на гума во северозападниот дел на Пацификот.
Потенцијал за одржлив извор
Кога марулата што ја јадеме и одгледуваме во нашите градини ќе ја пресечеме од стеблото, истекува млечно бела течност. Истата оваа супстанца кај дивата марула може да се докаже дека е економски остварлив извор на природна гума.
Природната гума е главна состојка на многу секојдневни производи, како чизми, кондоми, хируршки ракавици итн. Околу 70% од глобалната понуда на гума се користи за производство на гуми за автомобили, а повеќе од половина од гумените производи се прават од синтетичка гума добиена од петрохемиски извори. Но, на најголемиот извор на природна гума – бразилското дрво му се заканува болест.
Иан Бурк, авторот на истражувањето, ја добил идејата за производство на гуми од диви марули од едно истражување објавено во 2006 година кое покажало дека латексот во дивата марула е многу сличен на полимерите во природната гума.
Генетски маркери за посакуваните карактеристики
Бурк го започнал истражувањето со два различни примерока на дива марула набрана од источен Вашингтон. Марулите се разликувале по содржината на гума, формата на листовите и тенденцијата за созревање. Научниците успеале да идентифукуваат генетски маркери не само за содржината на гума, туку и за начинот на кој растението расте, вклучувајќи го и стеблото и созревањето.
Карактеристиките кои се бараат кај култивираната марула – како изобилство на листови, едно стебло и задоцнето созревање – се сосема спротивни на оние кои се бараат кај производството на гума. Растенијата со повеќе стебла кои побрзо созреваат ќе овозможат побројни жетви во текот на сезоната и потенцијално ќе ги зголемат приносите на гума.
„Селектирањето на другите карактеристики, како на пр. ефикасност при користењето на вода, би можело да овозможи да се одгледува дива марула при минимални врнежи на дожд, што значи дека би можела да се одгледува во ротација со другите култури“, истакнуваат научниците.
Енаука.мк објави за постоење на сличен потенцијал за производство на гума и кај глуварчето